Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гутереш: На работ сме на климатски амбис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Гутереш: На работ сме на климатски амбис
Агровести

Гутереш: На работ сме на климатски амбис

Објавено 20/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека Земјата е преплавена од рекордни количества на тропски бури, топење на ледени плочи и глечери, топли бранови и шумски пожари.

„Минатата година беше една од трите најтопли во историјата во мерењата и беше обележана со пожари, поплави, суши и топење на глечерите“, се наведува во извештајот на Обединетите нации во кој генералниот секретар на ОН предупредува дека светот е на работ на „амбис“.

Во 2020 година дојде до „двоен удар“ за милиони жители низ светот погодени од екстремните временски услови и ограничувачките мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот, што ја одложи помошта за некои региони, предупреди Светската агенција за метеорологија на ОН (СМО).

Извештајот за состојбата на климата во светот, објавен пред самитот за климатски промени, што ќе се одржи на 22 и 23 април под американско раководство, ги потврдува овие заклучоци, пренесува Хина.

-Ние сме на работ на бездната. Гледаме рекордни количества тропски бури, топење на ледени плочи и глечери, суши, топли бранови и шумски пожари, рече генералниот секретар на ОН – Антонио Гутереш.

Извештајот покажува дека глобалната температура во 2020 година била за 1,2 степени Целзиусови повисока од прединдустрискиот период, што ја рангира меѓу трите најтопли години, заедно со 2016 и 2019 година.

Меѓу индикаторите истакнати во извештајот се рекордно ниското ниво на мраз на Арктикот во два месеци од минатата година и фактот дека околу 80 проценти од океаните во 2020 година имале барем еден топлотен бран минатата година.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:климатски промени
Претходен напис Шафранот е најскапиот зачин на светот – Што сè треба да знаете за негово правилно одгледување
Следен напис Инспиративната приказна на младата Ирена, која вешто ги извршува и најтешките работи на семејната фарма со 6.000 прасиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?