Невремето кое последниве денови повремено беснееше во Западна Србија, покрај на одгледувачите на зеленчук и овоштарите, им нанесе штета и на сточарите. Ливадите ги уништил градот, па жителите на планинските села се плашат дека нема да имаат што да косат за своите стада. Кај Пријепољe, од удар на гром настрадале две крави, а во близина на Ивањица настрадал коњ.
Без единствените две крави во шталата, пред неколку дена, за време на невремето, останачо домаќинството на Голуб Томашевиќ од пријеполското село Гонја Бабина. Силното невреме, проследено со силен дожд и грмежи, го погоди платото Бабина утрото, во време кога паселе кравите на Томашевиќ.
– Кравите пасеа на ливадата под семејната куќа, кога почна да грми и врне. Пукаше како некој да лансира гранати. Кога невремето малку се смири, отидов да ги посетам кравите, но ги најдов како лежат на земја без знаци на живот. Стоеја под сливата и веројатно гром удрил во дрвото и ги убил – вели Томашевиќ.
За да ги спаси, Томашевиќ веднаш посегнал по лопата за да ги покрие кравите со земја, но за жал неуспешно.
– Двете крави беа стелни, па штетата е уште поголема. Порано имав шест, но продадов нешто, па ми останаа само овие две. Ги оставив за семејството да има свежо млеко, сирење и павлака, но сега останавме без нив – жали Томашевиќ.
Во селото крај Ивањица, гром уби еден од двата коња на Слободан Рајковиќ. Во моментот на несреќата, тие исто така паселе.
– Ги извадив до водата и отидов да работам на имотот, кога одеднаш дојде невреме. За неколку минути, небото стана црно, почна да грми и да пука во сите правци. Беше страшно, сакав да отидам до кај коњите, но не можев. Кога бурата малку се смири, соседите ми се јавија и ми рекоа дека едниот мој коњ е мртов, го удрил гром, а другиот стоеше до него и не сакаше да се помрдне – вели сопственикот Слободан Рајковиќ.
Извор: Добројутро.рс
