Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите во пресрет на најавениот протест во вторник во Атина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите во пресрет на најавениот протест во вторник во Атина
Агровести

Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите во пресрет на најавениот протест во вторник во Атина

Објавено 17/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од цела Грција и во текот на викендот продолжуваат со блокадите и активностите во пресрет на протестот во Атина што го закажаа за вторник попладне, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно земјоделците го зголемуваат притисокот кон властите за да им дозволи на собирот да стигнат со трактори, откако вчера добија негативен одговор од министерот за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис.

Во текот на денешниот ден закажани се низа симболични блокади, меѓу кои и затворање на автопатот од Солун кон Халкидики, автопатот Егнатија, затворање на граничниот премин кон Албанија.

На граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија веќе извесно време се паркирани трактори кои се подготвени, доколку биде одлучено, да постават блокада, но веројатно само за сообраќај на камиони.

Засега нема најави за затворање на конкретните гранични премини.

Земјоделците кои во вторник нема да патуваат во Атина, најавуваат затворање на патиштата, автопатите, граничните премини, пристаништата па дури и аеродромите и порачуваат дека нема да се откажат и ќе продолжат со активностите.

Грчките земјоделци во вторникот се сретнаа со премиерот Кирјакос Мицотакис кој им соопшти дополнителни мерки за поддршка, меѓутоа по средбата коментираа дека не биле исполнети сите нивни барања и објаснија дека ќе ги информираат нивните колеги по што одлучија да одржат протест во Атина.

Земјоделци речиси еден месец протестираат со поставени над 55 блокови низ целата земја, повремено блокираат патишта, автопати и гранични премини, како што е случај со премините Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија.

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:АтинаблокадитеГрчките земјоделципротест
Претходен напис УХМР: Северен ветер утре долж Поварадарието, во вторник дожд
Следен напис Сончево време со мала до умерена облачност, температура до 16 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?