Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најмладиот милионер во државата е четиригодишно дете, а највозрасниот 97-годишен пензионер 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најмладиот милионер во државата е четиригодишно дете, а највозрасниот 97-годишен пензионер 
Агровести

Најмладиот милионер во државата е четиригодишно дете, а највозрасниот 97-годишен пензионер 

Објавено 21/10/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.

Како што информира директорката на УЈП, Елена Петрова, минатата година се поднесени 863.100 даночни пријави од граѓани или 10,6 отсто повеќе од 2024 година. Најголем дел од пријавите се поднесени во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

– Интересни се податоците за највисоките поединечни доходи. Највисоката годишна бруто плата изнесува 139,1 милион денари, највисоката дивиденда е 252,6 милиони денари, а највисоката капитална добивка е 164,2 милиони денари. Највисокиот доход од самостојна дејност е 157,9 милиони денари. Кога станува збор за вкупен доход од сите извори, највисокиот доход во 2025 изнесува 257,5 милиони денари и го остварил граѓанин од Гевгелија преку плата, дивиденда и друг доход исплатен од една компанија. Следува граѓанин од Охрид со 254,4 милиони денари. Овие приходи покажуваат зошто е важно различните извори на доход да се разгледуваат заедно, а не изолирано, рече Петрова на брифинг со новинарите. 

МИА

Може да ви се допадне

До 20 октомври повратот на ДДВ е 517,7 милиони евра, наплатата на даноците со раст од 11,5 отсто, највисоката плата лани 139,1 милиони денари
Гори депонијата во село Еднокуќево, Општина Босилово, чадот се чувствува и во околината на Струмица
Поради поврзување на нова водоводна мрежа, без вода делови од Центар
УЈП ќе презентира податоци за доходот на граѓаните во 2025 година
Марјан Митев од „Френки“ инвестира, Орце Црнгаров и други земјоделци произведуваат, пласманот обезбеден, цената договорена
Таг:97-годишен пензионерНајмладиот милионерчетиригодишно дете
Претходен напис Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
Следен напис До 20 октомври повратот на ДДВ е 517,7 милиони евра, наплатата на даноците со раст од 11,5 отсто, највисоката плата лани 139,1 милиони денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?