Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грав, грашок и соја е поздрава храна за вегетаријанците, отколку лабораториското месо и растителното млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Грав, грашок и соја е поздрава храна за вегетаријанците, отколку лабораториското месо и растителното млеко
Магазин

Грав, грашок и соја е поздрава храна за вегетаријанците, отколку лабораториското месо и растителното млеко

Објавено 03/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Луѓето кои сакаат да се откажат од месо и млечни производи, би било подобро да се префрлат на мешунки, наместо вегетаријански хамбургери и растително млеко, според ново научно истражување на Универзитетот Оксфорд и Универзитетскиот колеџ во Лондон. Наодите се објавени во списанието „ПНАС“ (Proceedings of the National Academy of Sciences).

Научниците зеле предвид бројни фактори при проучувањето на 24 алтернативни намирници коишто се најчеста замена за месо и млеко, вклучувајќи го и нивното влијание врз здравјето и животната средина, како и трошоците. Откриено е дека природната растителна храна како грашок, соја и грав се најдобри во секој поглед. 

За споредба, преработената храна, како што се вегетански хамбургери, тофу и темпех и млеко од растително потекло, се поврзуваат со помали придобивки за климата и повисоки трошоци во споредба со непреработената храна… Иако, како што истакнаа научниците, и оваа храна, сепак, е подобра од оние од животинско потекло.

На дното на листата се најде месото одгледано во лабораторија. Британските научници истакнуваат дека, со технологијата што се користи денес, производството на месо одгледувано во лабораторија и отпадните материи од тие процеси може да бидат исто толку високи и штетни како и, на пр., преработката на говедско. На прашањето: што се добива, научниците одговараат дека само цената поголема, а новото вештачко месо е скоро исто толку штетно за здравјето.

Истражувачите велат и дека одлуката да се замени месото и млекото во земјите со високи приходи со различни алтернативи на месо или млеко со иста количина калории може да ја намали прераната смрт до 5 – 6 отсто.  

МИА

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Таг:вегетаријанцитеГравграшокмесорастителното млекосоја
Претходен напис ОН предупредуваат дека глобалната суша носи годишен трошок од 300 милијарди долари
Следен напис Намален водостојот на Преспанското, а зголемен на Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?