Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата
Агровести

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Објавено 17/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со креативни работилници и над триесет настани денеска во градскиот парк во Скопје по повод „Денот на граѓанските организации” организиран од Цивика мобилис, посетителите имаа можност да се информираат токму за овие граѓански организации и нивните активности, да артикулираат идеи и да планираат заеднички општествени акции.

Програма на фестивалот е разновидна, а годинава е во насока на придонесот што граѓанските организации го дадоа во борбата со Ковид-19

Фестивалот се поклопува со Светскиот ден за борба против сиромаштијата, па затоа неколку организации организираат и собирање на прехрамбени артикли и облека кои ќе бидат донирани.

Животната средина и климатските промении овој пат ќе бидат застапени преку презентации и квизови, а дел од организациите, своите настани ќе ги посветат на здравјетопреку презентација за самопреглед на дојка, тестирање за ХИВ, до активности за заштита на менталното здравје и арт терапија. „Педала” ќе организираат образовна работилница за основите на одржување на велосипед, а заедно со учесниците ќе работат на поправка навелосипед кој потоа ќе биде дониран.

Според министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска учествуваше на дебата на фестивалот, граѓанските организации остануваат силен партнер на Владата во носењето на сите важни одлуки. Тоа, како што рече, било така и изминатиот период кога се носеле мерки за справување со здравствено социјалната и економска криза предизвикана од Ковид-19.

-Граѓанските организации и партнерите брзо се реорганизираа со појавата на пандемијата. Целиот изминат период со граѓанските организации и инспекторатите имавме успешна координација и тоа придонесе за заштита на работните места. Владата покажа дека носи мерки во заштита на здравјето на граѓаните. Се прави баланс меѓу заштитата на здравјето но и течење на останатите процеси како економијата, образованието и другите процеси, рече Царовска.

Министерката ги повика граѓанските организации да се вклучат во креирањето и поддршката на реформските процеси за квалитетно образование.

На фестивалот денеска свое обраќање имаше и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, која посочи дека годинава фестивалот е во насока на придонесот што граѓанските организации го дадоа во борбата со Ковид-19 и многу е важно да се прикаже солидарност.

-Оваа година фестивалот е посветен на одбележување на придонесот на организациите на граѓанското општество во борбата против Ковид-19, исто така да се сетиме на сите оние кои го загубија животот од коронавирусот но и да покажеме дека организациите на граѓанското општество ќе продолжат со својата редовна работа и ќе се придржуваат на приоритетите на своите програми, рече амбасадорката.

Таа додаде дека годишниот фестивал на Цивика мобилитис собира рекордни 86 организации на граѓанското општество, и со толку голем број се покажува дека е возможно да се почитуваат мерките за безбедност додека се прикажува работата и активностите на организациите на граѓанското општество.

Најважно, според неа, е дека е можно за организациите на граѓанското општество да стапат во директна комуникација со граѓаните, да го прошират своето членство, и да ја зголемат поддршката на својата работа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:гражански здружанијадебатаКовид 19Мила царовскапартнер
Претходен напис АХВ: Правилниците за директно снабдување пред Платежната агенција и Министерството за земјоделство
Следен напис Истражување на Finance Think: Кризата предизвикана од КОВИД-19 ги погоди граѓаните со ниски доходи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?