Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Правилниците за директно снабдување пред Платежната агенција и Министерството за земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Правилниците за директно снабдување пред Платежната агенција и Министерството за земјоделство
Агровести

АХВ: Правилниците за директно снабдување пред Платежната агенција и Министерството за земјоделство

Објавено 17/10/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство завчера на Факултетот за земјоделски науки и храна одржаа работен состанок со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Презентирани беа новите правилници за директно снабдување за храна од неживотинско и животинско потекло со цел овие институции да извршат прилагодување на програмите за финансиска поддршка  на новите правила за директно снабдување. Како што беше истакнато на состанокот, подзаконските акти за регулирање на директната продажба на мали количини производи од страна на фармерите претставува можност за развој и унапредување на  работењето на земјоделците, чии производи без посредство на трговците можат директно да ги пласираат на пазарот.

Правното регулирање на директното снабдување е основа за производство на земјоделски производи со зголемена, додадена вредност и можност за зголемување на конкурентноста, водејќи сметка за хигиенските стандарди кои ќе ја гарантираат безбедноста на производите.

Со правилниците како што беше истакнато на состанокот е воспоставена можност за следливост на производите и за гарантирање на нивната безбедност.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвмзшвплатежна агенцијаправилници
Претходен напис Насилството врз животните во Грција станува кривично дело
Следен напис Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?