Денеска консултанти од Агротим одржаа инфо сесија во Општина Дојран на тема очекувани повици од ИПАРД.
Општина Дојран, за ИПАРД е рурално подрачје со можност за инвестирање преку Мерка 7 – рурален туризам.
На средбата со потенцијалните инвеститори и вработените во Општината разговаравме за очекуваните повици за ИПАРД, за условите и идеите кои можат да се реализираат со грант од 50% или 60% од државата за уште поголем развој на овој регион.
Подготовката на апликациите за ИПАРД #КанцеларијаАгротим се сериозна работа и бараат ангажман и соработка од институциите од централната и локалната власт. За таа цел градоначалникот Ангов изрази подготвеност од административна помош на заинтересираните апликанти и приоритет во добивањето на потребната документација која е обврска на Општината. Тим од вработени во Општината ќе бидат задолжени за макисмална поддршка на сите заинтересирани за аплицирање по мерките на ИПАРД.
Фејсбук-статус на Ленче Николовска
