Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голем успех и пет златни медали за Винарија Камник од германскиот Мундус Вини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Голем успех и пет златни медали за Винарија Камник од германскиот Мундус Вини
Агровести

Голем успех и пет златни медали за Винарија Камник од германскиот Мундус Вини

Последна измена: 26/02/2020 14:42
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

– Годинешниот 26-ти меѓународен вински натпревар Мундус Вини донесе нов блескав успех за винарија Камник, со освоени пет златни медали, за пет различни црвени Камник вина. На овој престижен светски вински натпревар кој се одржа во Нојштад, Германија, учествуваа приближно 7500 примероци вина од 45 земји, а ги оценуваа 268 реномирани судии-експерти од 54 земји според системот на 100 поени и по принцип на слепо дегустирање. 


За тимот на винарија Камник петте освоени златни медали значат супер-успешен почеток на 2020 година и силен креативен поттик. За својот успех тие велат: “Пет златни медали за пет различни црвени вина одеднаш, од еден навистина реномиран вински натпревар којшто е истовремено и светски репер за квалитет, е успех кој може само да се посака, и кој не е случаен. За нас ова е потврда на нашиот искрено вложен труд и претставува моќен стимул кој дефинитивно ќе нè инспирира и понатаму”.  


Петте црвени вина на винарија Камник кои добија златни медали на овој мегапопуларен вински натпревар во Германија се Cuvée De Prestige 2017, Ten Barrels Syrah 2017 Reserva, Ten Barrels Cabernet Sauvignon 2016 Reserva, Signature Merlot 2017 Grand Reserva, Heritage Cabernet Sauvignon 2016 Grand Reserva. Заедничко за сите пет вина е дека се направени од внимателно селектирани гроздови за кои е применета претходна редукција на родот. Кај Ten Barrels Syrah 2017 применета е и методата на делумно просушување на гроздовите пред берба. Понатаму, секое од овие вина минало низ процесот на зреење во нови буриња од француски и американски даб помеѓу 12 и 30 месеци, што придонесува за нивната длабока рубин-црвена боја, богатството на интензивни ароми на темно шумско овошје проткаено со зачински тонови и вкусот кој е полн, хармоничен, со мека танинска структура. Нивниот потенцијал за одлежување во шише е повеќегодишен со што се обезбедува дополнително истакнување на нивните карактеристики. 


Од портфолиото на винарија Камник, Heritage Cabernet Sauvignon 2016 e ново вино кое за  првпат се лансира на пазарот токму сега. Станува збор за едно од оние вина кои се означени со сјајна метална етикета, како симбол за нивната посебност, бидејќи се прават само од одредени берби кои не се повторуваат секоја година.

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:виназлатен медал
Претходен напис Нашата земја е домaќин на 21-от координативен форум на ЦИЦ –Меѓународниот совет за лов и заштита на дивеч
Следен напис Не сакавме да заминеме од селото па отворивме фарма за коњи и етно куќа, сега луѓето идат кај нас!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?