Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голем потенцијал за развој на производството на калинка во Валандовскиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Голем потенцијал за развој на производството на калинка во Валандовскиот регион
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Голем потенцијал за развој на производството на калинка во Валандовскиот регион

Објавено 20/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Искусниот агроном Сердар Кајнар од Турција е консултант за производство на калинка, маслинки и цитрусно овошје, со над триесет години искуство. За време на втората од три обуки кои се одржуваат во текот на оваа година, тој сподели практични совети со тимот на компанијата АБГ инвестмент која произведува природен сок од калинки под брендот КУВЕТ  на насадите на производителите на калинки во Валандовско, преку индивидуален менторски пристап. За време на посетата, разговараме за потенцијалот за одгледување на калинка во земјава, можностите и предизвиците.

  1. Што мислите за локалните сорти на калинка во валандовскиот регион? Каков е потенцијалот за развој?

Локалните сорти на калинки кои се одгледуваат во земјава се поотпорни на климатски промени и прекрасен вкус, но не трпат транспорт и поради тоа немаат можност за извоз како свежи. Од друга страна, новите насади од сорти како Хиџес или Вондерфул, за кои има побарување и пазар во Европа и светот, имаат поголема сензитивност при одгледувањето и советите беа насочени кон одгледувањето на овој тип калинки.

Постои голем потенцијал за развој на производство на калинка кај вас. Она што недостасува е соодветен систем за наводнување и примена на правилни агротехнички мерки. Доколку тоа се реши, има огромен потенцијал за успех.

  • Веќе одржавте една обука пред земјоделците. Има ли спремност за стекнување нови знаења?

Во земјоделството процесите бараат навистина многу време, труд и трпение. Морам да кажам дека луѓето овде го имаат истиот менталитет како во Турција. Проблемите со кои се соочуваме се истите. Можам да заклучам дека земјоделците ми веруваат. Луѓето се отворени за учење нови работи и лесно ги прифаќаат советите. Што се однесува до самата култура, доколку се примени правилен начин на одгледување, калинките може да бидат одлична култура за извоз, со оглед на близината на Северна Македонија до Европа.

  • Кои би биле придобивките за земјоделците од студиската посета во Адана?

 Студиската посета само би значела полесен пренос на знаење и придобивки за сите присутни на долг рок и потврда дека со правилно одгледување на калинката може да се постигне многу и да разменат добри практики со искусните земјоделци од Турција.Морам да напоменам дека присуството на локален агроном како Горан Балески беше од огромна помош бидејќи имаше големо разбирање за темата и успеа моите совети да ги пренесе на правилен начин до останатите земјоделци.

Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ обезбедува сеопфатна поддршка за зголемување и модернизирање на продизводството на калинка и преработки од калинка во валандовско-гевгелискиот регион.

Автор: Ема Јакимовска – Швајцарска Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Валандовскиот регионГолем потенцијалкалинкапроизводствоторазвој
Претходен напис Трипуновски најавува зголемена контрола на терен, да се елиминираат злоупотребите на субвенциите
Следен напис (ВИДЕО)Големо невреме во Кавадарци, силен дожд, град…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?