Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Глобалното затоплување ќе ги уништи економиите на земјите во развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Глобалното затоплување ќе ги уништи економиите на земјите во развој
Агровест

Глобалното затоплување ќе ги уништи економиите на земјите во развој

Објавено 09/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

БДП на 65-те најранливи земји ќе се намали во просек за 20 проценти до 2050 година и за 64 отсто до 2100 година доколку светот се загрее за 2,9 степени Целзиусови, се вели во извештај објавен на климатскиот самит КОП26 во Глазгов.

Дури и ако глобалниот пораст на температурата се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, што е во согласност со најамбициозната цел на Парискиот договор, истите земји ќе претрпат удар врз БДП од 13 отсто до 2050 година и 33 проценти до крајот на векот, се вели во студијата нарачана од Кришчн Ејд (Christian Aid).

До денес, просечната температура на површината на Земјата е зголемена за 1,1 степени Целзиусови во споредба со нивоата од крајот на деветнаесеттиот век.

Наодите на Кришчн Ејд покажуваат дека на повеќе од една третина од земјите во светот итно им е потребна помош за градење отпорност за да можат нивните економии да ги издржат горештините, сушите, поплавите и бурите, кои стануваат поинтензивни и посмртоносни поради глобалното затоплување.

– Способноста на земјите од глобалниот југ одржливо да се развиваат е сериозно загрозена – изјави главниот автор Марина Андриевич од Универзитетот Хумболт во Берлин.

– Политичките избори што ги правиме сега се клучни за да се спречи понатамошна штета – додаде таа.

Осум од десетте најпогодени земји се во Африка и две во Јужна Америка.

Сите 10 земји се соочуваат со штета врз БДП од повеќе од 70 проценти до 2100 година при сегашната траекторија на климатската политика и 40 проценти дури и ако глобалното затоплување е ограничено на 1,5°C.

Земјата која се соочува со најсериозни загуби во БДП е Судан, кој беспомошно доживеа поројни дождови и големи поплави во септември, кои погодија повеќе од 300.000 луѓе.

До 2050 година, БДП на земјата ќе се намали за 32 проценти, а до 2100 година – за 84 отсто, во споредба со ситуацијата во која би била доколку нема климатски промени.

Земјите опфатени со извештајот сочинуваат два клучни преговарачки блока на климатските разговори на ОН, кои траат до петок: Најмалку развиените земји и Алијансата на малите островски држави.

Малите островски држави се особено ранливи на бури, кои се влошуваат со зголемувањето на морската вода.

Студијата не ги зема предвид мерките за адаптација кои потенцијално би можеле да намалат дел од штетите.

Богатите влади досега издвојуваа само скромни суми за да им помогнат на сиромашните земји да се приспособат на климатските промени.

– Африка најмалку придонесе за климатските промени, но овој извештај покажува дека ќе се соочи со најлошите последици. Тоа е длабоко неправедно, рече Мохамед Аду, директор на тинк-тенк за клима и енергија со седиште во Најроби, Power Shift Africa.

МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:глобално затоплување
Претходен напис Дали Полска го губи најголемиот извозен пазар на јаболка?
Следен напис Украинскиот компир е најевтин во Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?