Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Глобалното производство на вино и понатаму се намалува – какви се прогнозите за 2020?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Глобалното производство на вино и понатаму се намалува – какви се прогнозите за 2020?
Агровести

Глобалното производство на вино и понатаму се намалува – какви се прогнозите за 2020?

Последна измена: 02/11/2020 11:50
Сподели
3 мин. за читање
Expert farmer and wine maker tasting a glass of delicious white wine in the wine cellar and lush vineyard on the background
Сподели

Глобалното производство на вино и годинава ќе остане под просекот од последните пет години. Намалувањето е како последица на  малите количини од Јужна Америка и ограничувањата во земјите од Европската унија откако кризата со коронавирусите ја намали продажбата, соопшти Меѓународната организација на вино и лозарство (ОИВ).

Во првичните проценки за 2020 година, светското производство годинава е ограничено  помеѓу 253,9 и 262,2 милиони хектолитри, со просечна прогноза од 258 милиони хл.

Помалку вино поради пандемијата

Ова е  втора година по ред како глобалното производство на овој пијалок останува под просекот, откако во 2018 година  се искачи на речиси рекордно високо ниво, соопшти оваа организација со седиште во Париз.

Да потсетиме, дека во 2019 година производството се намали  на 260 милиони хектолитри, што претставува намалување за 35 милиони хектолитри, или за 11,5% помалку во споредба со рекордната 2018 година.

 ” Ова не мора да се смета за лоша вест за винскиот сектор, со оглед на сегашниот контекст каде геополитичките тензии, климатските промени и пандемијата Ковид-19 генерираат висок степен на нестабилност и несигурност на глобалниот пазар “, велат од ОИВ.

Лозарите од ЕУ имаа корист од добрите временски услови, но производството останува под просекот бидејќи производителите на вино и владите на земјите членки го ограничија, со цел да се намали негативното влијание на пандемијата. На пример, во Франција, производителите на шампањ се согласија да ја намалат бербата на грозјето за 20%, бидејќи се обидуваат да се опорават од падот на продажбата предизвикана од кризата предизвикана од корона вирусот.

ОИВ очекува земјите на ЕУ, во кои спаѓаат трите најголеми светски вински сили, Италија, Франција и Шпанија, да произведат 159 милиони тони, што е за 5% повеќе од 2019 година, но сепак е под просекот.

Зголемување има, во споредба со 2019 година во земји како што е  Германија за 8%, Унгарија за 22% и Австрија за 10%, додека  во земјите како  што се Романија и Грција забележано е намалување за 7 и 2%.

Се проценува дека на јужната хемисфера вкупното производство на вино ќе бележи пад од 8% во однос на минатата година и тоа на 49 милиони хектолитри, воглавно благодарејќи на наглиот пад во Аргентина за 17%, Чиле 13 % и Австралија за 11%.  

Во САД, според прелиминарните проценки производството на вино ќе изнесува 24,7 милиони хектолитри што е за 1% повеќе од 2019 година, но прогнозата би можела да се ревидира во наредните месеци поради дополнителните информации за последиците од пожарите во Напа и Сонома.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози
Рекордно производство на жито, но потрошувачката ја надминува понудата?
Максимов: Трговците знаат да си ја зголемат маржата по однос додавање „крш“ во оризот, граѓаните тоа не го знаат 
Каракашев: Земјите во соседството ги штитат земјоделците, кај нас се е оставено на милост и немилост на трговците
„Месото треба да е од 330 до 360 денари“ – откупните цени на храната мизерни, во продавница астрономски
Таг:виноглобално производствопрогноза 2020
Претходен напис Олерон во Франција: Рибарски села каде што климата е блага, а храната не може да биде посвежа
Следен напис Македонски претставници на 32. сесија на Регионалната конференција на ФАО за Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?