Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Глобалните цени на житарките нагло скокнаа поради блокадата на пристаништата на Црното Море
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Глобалните цени на житарките нагло скокнаа поради блокадата на пристаништата на Црното Море
Пазари

Глобалните цени на житарките нагло скокнаа поради блокадата на пристаништата на Црното Море

Објавено 02/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Руското раскинување на договорот за коридорот за житарки од пристаништата на Црното Море ја зголеми цената на житарките. Да потсетиме, Русија ја обвини Украина дека користи дронови за напад на Црноморската флота на Крим, и тоа го наведоа како причина за раскинување на договорот.

Во неделата ниту еден брод не го напушти пристаништето во Црното Море, а најавата за блокада веднаш предизвика реакција на светскиот пазар.

Глобалните цени на житарките нагло скокнаа

Така, на парискиот MATIF, како што пишува Agrarheute, цената на пченицата се зголеми за речиси 13 евра на 350 евра/т. Вредноста на пченката се зголеми за 10 евра и сега изнесува 346 евра/т, додека тон семе од репка се продава за 658,25 евра. Зголемување од пет проценти забележа пазарот во Чикаго веднаш откако дозна за блокадата на коридорите за жито.

Меѓу блокираните бродови има и еден кој превезувал десетици илјади тони пченица наменета за Светската програма за храна за итна помош на Рогот на Африка, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украинското Министерство за инфраструктура соопшти дека се блокирани 218 бродови.

397 бродови ги напуштија пристаништата

Наведоа и дека од 1 август пристаништето го напуштиле 397 бродови, кои превезувале 9 милиони тони украински земјоделски производи во земјите во Африка, Азија и Европа. Напоменаа дека се подготвени да го продолжат извозот на земјоделски производи согласно постигнатиот „Договор за житни култури“.

Беше предложено делегациите на Турција и ОН да обезбедат 10 инспекциски тимови за проверка на 40 бродови. Договорот бараше двете земји во конфликт да ги координираат инспекциите и транзитот на бродови низ Црното Море со помош на ОН и Турција.

Може да ви се допадне

При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Таг:житарки ценицрно море
Претходен напис Николовски: Со новиот модел за субвенционирање ги поттикнуваме и мотивираме земјоделците да се ориентираат на стратешките култури, за што ќе добијат дополнителна поддршка
Следен напис Како да ги отстраните боцките ако се боцнете на кактус
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?