Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Глобалните цени на азотните ѓубрива четирипати повисоки во однос на 2020 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Глобалните цени на азотните ѓубрива четирипати повисоки во однос на 2020 година
Пазари

Глобалните цени на азотните ѓубрива четирипати повисоки во однос на 2020 година

Објавено 31/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Глобалните цени на ѓубривата пораснаа за речиси 10 отсто минатата недела. Индексот на цените на зелените пазари на Блумберг објави дека го достигнале највисокото ниво досега забележано. На светскиот пазар беше за 40 отсто поскапо од пред еден месец, пред почетокот на конфликтот во Украина, пишува Agrarheute.

Наглиот раст укажа на зависноста на земјоделските производители од рускиот извоз.

Нарушена трговијата со Русија

Земјите кои се веќе погодени од недостиг на храна сега се соочуваат со нови проблеми со недостиг и на суровини и на храна.

„Трговијата меѓу Русија и остатокот од светот не е запрена, но е сериозно нарушена бидејќи увозниците и закупците на бродови ја избегнуваат земјата поради високите премии за ризик“, изјави Крис Лосон од лондонската консултантска фирма CRU.

Русија покриваше околу 14% од светскиот извоз на ѓубрива, а привремената суспензија ќе има големо влијание на пазарот на храна.

Дополнително, високите цени на природниот гас доведоа до ограничувања на европското производство на овие стоки и дополнително го ограничија и онака неизвесниот пазар.

Лосон додаде дека од почетокот на 2020 година, глобалните цени на азотни ѓубрива се зголемени за четири пати, а фосфатите и поташата трипати. Тој посочи дека земјоделците на развиените пазари имаат корист од високите цени на земјоделството, кои делумно помогнаа да се неутрализираат тие инпути, но тие во комбинација со недостатокот на понуда се повеќе ја нарушуваат глобалната побарувачка.

Универзитетот Илиној ги процени директните трошоци на земјоделците за 2022 година, вклучувајќи го ѓубривото, производите за заштита на растенијата, семиња, сушење, складирање и осигурување, на 1.265 американски долари по хектар, во споредба со трошоците од 966 американски долари по хектар во 2020 година, што претставува зголемување за една третина.

Цените на трошоците ќе продолжат да растат

Роберт Фокс, директор на американската CoBank, изјави дека, во зависност од културата, ѓубривата сочинуваат 10 до 20 отсто од влезните трошоци на фармата.

Повисоките цени на житарките ќе го компензираат растот на влезните трошоци, но прашање е што ќе се случува во иднина. Фокс смета дека повисоката вредност на пченицата, пченката и сојата ќе го надмине зголемувањето на влезните трошоци за сезоната 2022 година, што би значело опстанок на одгледувачите. Но, не се работи само за зголемување на трошоците за ѓубрива, туку и за сите останати, а тоа многу ќе влијае на заработката што се очекува од екстремно високите цени на житарките.

Економистите од Универзитетот во Илиноис проценуваат поврат од 682 долари по хектар за пченка одгледувана на фарми со висок принос во централен Илиноис и 491 долар по хектар за соја. Фокс е внимателен оптимист за профитабилноста на земјоделците во 2022 година и е загрижен за понатамошниот развој на ситуацијата. Тој предвидува дека цените ќе останат на повисоко ниво во следните неколку години, бидејќи ситуацијата во Украина ќе остави долгорочна трага. Тој не очекува пад на цените на инпутите и посочува дека земјоделците, индустријата и потрошувачите ќе мора да се прилагодат, пренесува Agroklub.rs.

Може да ви се допадне

При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Таг:азотни ѓубрива
Претходен напис Русија ја продолжи забраната за извоз на амониум нитрат
Следен напис Попандонова: Во ситуација на глобална криза, ги имаме истите проблеми и предизвици, без оглед дали се работи за мала или голема држава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?