Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гир: Не можам да дадам никакви ветувања и заложби за обнова на опожарената шума над велешко езеро „Младост“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Гир: Не можам да дадам никакви ветувања и заложби за обнова на опожарената шума над велешко езеро „Младост“
Агровести

Гир: Не можам да дадам никакви ветувања и заложби за обнова на опожарената шума над велешко езеро „Младост“

Објавено 11/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Евроамбасадорот Дејвид Гир при вчерашната посета над велешка езеро „Младост“, каде што ЕУ финансира досега најголем проект за Велес „Паметно езеро Младост – прва иновативна туристичка дестинација во земјава“, одговарајќи на новинарско прашање дали ЕУ може да го помогне процесот на обновување на опожарената шума над велешкото езеро, рече дека засега не може да даде никакво ветување.

– Не можам да дадам сега никакви ветувања и заложби бидејќи сите знаете дека тоа вклучува долготраен процес, но секако претставува добра идеја. Самиот ваков проект покажува дека и покрај тој голем шумски пожар кој уништи многу од околината над езерото „Младост“ сепак може да се претвори во убаво место. Воедно да придонесе и кон локалниот економски развој, потенцира Гир.

Инаку, во големиот шумски пожар кој ја зафати боровата шума над велешко езеро „Младост“ на 26 август 2019 година изгореа 400 хектари, од кои половината 200 хектари под квалитетна 50-годишна дабова шума.

Граѓаните и посетителите на езерото „Младост“ забележуваат дека обновувањето на шумата од страна на локалната власт и ШС „Бабуна“ иако се реализира контунирано во изминативе две години, според нивната забелешка сепак не е со толкава брза динамика со која треба да биде, а за што поскоро враќање на шумата над езерото, омиленото место за рекреација на велешани и бројни посетители од земјава и странство кои се на пропатување во негова непосредна близина.

Граѓаните бараат да се засадуваат веќе пораснати големи дрвца, за поскоро враќање на шумата, локалната заедница вели дека засега нема толку средства за нивна набавка, а за што поскоро да ја обнови опожарената шума.

Таму, за жал, сè уште има цели црни реони со сè уште неотстранети опожарени црни борови дрвја кои се жален доказ на овој голем шумски пожар. Тие ја нагрдуваат околината над велешко и над новоизградениот Еко камп и Паркот на авантури кои треба да бидат пуштени до крајот на август.

Граѓаните на Велес и еколозите бараат тие што поскоро да бидат отстранети и на нивно место оваа есен да бидат засадени уште поголем број на веќе големи израснати дрвца кои побрзо ќе ја разубават неговата околина.

Промовиран проектот „Паметно езеро Младост“– првата иновативна туристичка атракција во земјава

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВелесЕзеро Младост
Претходен напис Температурата денеска до 39 степени, попладне локален пороен дожд и грмежи
Следен напис Гори на повеќе места во државата, пристигнува помош од Црна Гора и Франција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?