Германските земјоделци од повеќе сојзуни држави почнаа масовни протести. Како што пишуваат германските медиуми, земјоделците минатата недела, побарале млекарите и кланиците да ги зголемат откупните цени и тоа за најмалку 15 центи повеќе по литар млеко, едно евро по килограм говедско, 50 центи за свинското месо и 20 центи за живината.
Целата кампања носи наслов„Забавата е завршена“, а откако не добиле одговори на своите писмени барања, со трактори во колони тргнале кон големите преработувачи на млеко и месо барајќи зголемување на споменатите цени. Освен тоа, бараат компаниите да ја превземат одговорноста внатре во синџирите за снабдување и да направат се за да ја обезбедат иднината на своите добавувачи.
Како што пишува wochenblatt, одгледувачите на свињи од околината на Гитерслох, протестирале пред кланицата Тенис во Рад Виденбрук против понатамошното намалување на цените. Бараат одговори и решенија за одгледувачите на околу 600.000 свињи на фармите ширум Германија кои се погодени со недостиг на работници поради заразата со вирусот ковид 19, а да потсетиме дека поради африканската свинска чума запре и извозот.
По ставот на Здружението на млечна индустрија (MIV), промоцијата на ивозот е клучен елемент за олеснување на ситуацијата, осигурувањена пазарот и долгорочно добри цени на млекото. Меѓутоа, сите главни млекарски земји би го ширеле производството, што претставува проблем. Поради тоа барањето за зголемување на откупната цена од најмалку 15 центи повеќе по литар не е реална, сметаат од MIV-a.
Пазарите се поврзани помеѓу себе. На пример, околу 15 % од евроспкото млеко се продава на глобалниот пазар, по светски цени. Тие исто така осцилираат, во зависност од стапката. Така да 50% од германските млечни производи се продаваат во странство. Со тоа, оваа земја е главен увозник на овој вид производ. Затоа, сметаат дека зголемувањето на цената не е лесно да се спроведе.
Фармерите не отстапуваат од своите барања
Според здружението, протестите нема да помогнат за решавање на проблемот. Сметаат дека наместо тоа млекарите и земјоделците мораат да соработуваат во јакнење на маркетингот. Затоа им препорачуваат на производителите да извршат свое влијание кај политичарите повикувајќи се на завршните преговори за реформата на Заедничката земјоделска политика.
Со нив се сложува и Јозеф Холценкамп од Здружението “Raiffeisen” (DRV) велејќи:
– „Целиот синџир моментално се наоѓа во тешка ситуација. Ефектите од пандемијата и африканската свинска чума , но и Бргезитот, имаат големо влијание врз земјоделството. Сите сме во тоа па мораме да пронајдеме и заеднички решенија“.
Но сточарите и понатаму укажуваат на високите производни трошоци како и ниските откупни цени. Така Карен Халтерман од Обернојланд која има фарма од 200 молзни крави вели дека производителите на млеко во просек добиваат околу 30 центи по килограм и дека 45 центи , би требало да биде реалнацена.
Сообраќаен колапс во Бремен
Кога станува збор за протестите, колона од 500 трактори долга дури 16 километри предизвика сообраќаен колапс во центарот на Бремен. Целта им била да ја блокираат млекарата “Deutsche Milchkontor” (DMK).
Земјоделците во колони од трактори протестирале и пред млекарите во Висмар, Даргун и Алтентрептов како и кланицата во Тетерово.
Како понатаму ќе се развиваат односите помеѓу производителите, преработувачите и трговците во Германија тешко е да се предвиди. Кога станува збор за свинското месо, ситуацијата дополнително е отежната со ширењето на африканската чума кај популацијата на тамошните диви свињи, што имала значително влијание на увозот на тоа месо во други држави како Кина и Јужна Кореја.
Извор: Agroklub
