Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германските експерти за клима предупредуваат дека границата од 1,5 степени најверојатно ќе се надмине
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германските експерти за клима предупредуваат дека границата од 1,5 степени најверојатно ќе се надмине
Агровести

Германските експерти за клима предупредуваат дека границата од 1,5 степени најверојатно ќе се надмине

Објавено 27/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Германските експерти за клима предупредуваат дека последиците од глобалното затоплување ќе имаат огромно влијание врз животот на Земјата, укажувајќи на рекордниот број екстремни временски настани како што се поплави, топлотни бранови и шумски пожари што се случија оваа година.

Можноста да се стабилизира климата со релативно мал напор е пропуштена, изјавија денеска експертите, на почетокот на конференцијата за екстремни временски услови во Хамбург.

– Мораме да прифатиме дека границата од 1,5 степени ќе биде надмината. Тоа значи дека Парискиот договор практично не успеа во оваа точка, рече Јохем Маротцке, раководител на Институтот за метеорологија Макс Планк.

– Ова, исто така, значи дека затоплувањето под границата од два степени ќе биде можно да се задржи само со огромни напори. Во моментов, ние сме на пат кон свет со плус три степени до крајот на векот, рече тој.

На климатската конференција на Обединетите нации во Париз во 2015 година, светските лидери се согласија да го ограничат глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа за да се избегнат најлошите влијанија од климатските промени.

Екстремните временски настани во 2023 година ја менуваат играта, велат експертите.

– Никогаш досега глобалните температури на воздухот и водата не биле толку високи како оваа година. Никогаш досега рекордите за топлина и шумските пожари не достигнале толку високи нивоа како во 2023 година, се вели во соопштението.

Температурите на водата за пет до шест степени повисоки во медитеранскиот регион доведоа до рекордно ниво на испарување и последователни врнежи во Европа и Северна Африка, се нагласува во извештајот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Германските експертиграницатаклиманадмине
Претходен напис Стабилно и топло време и во наредните денови
Следен напис Ограничено движење поради боево гаѓање во Пехчево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?