Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германија и понатаму се ослободува од залихите на свињи, a сепак цените растат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германија и понатаму се ослободува од залихите на свињи, a сепак цените растат
Агровести

Германија и понатаму се ослободува од залихите на свињи, a сепак цените растат

Објавено 23/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И во Германија, како и во другите земји на ЕУ, како Шпанија, Белгија, Австрија и Италија, исто така е забележен пораст на цените.

По прв пат оваа година цените на свињите во Германија почнале да растат. Според Здружението на германските производители (VEZG) цената изнесува 1,21 евра по килограм, што иако е зголемување од само 2 центи, како што се тврди, е знак дека тој тренд ќе продолжи.
Во оваа држава минатата недела поради неповолните временски услови биле заклани помалку свињи. Сепак, редот се намалува. Според Сојузот на свињоодгледувачи во Германија се заклани околу 90.000 свињи, а треба да бидат заклани уште 530.000.

Затоа, како што наведуваат во своето соопштение, важно е да се пласира месото преку малопродажба. Како добар пример се наведува еден познат трговски синџир кој има голема акција на продажба на свинско месо, XXL пакети со нагласување дека се работи за месо од домашно потекло.

За сточарите претставува проблем и дебелината на животните кои не се заклани на време, а просечната тежина изнесува 100,4 килограми, наведува Аgrarheute.

Цената за прасињата до 25 килограми за периодот од 15 до 21 февруари е 32,50 евра по грло, што е уште едно зголемување во однос на неделата пред тоа, кога цените биле 2 евра пониски.

Раст и во другите земји


Во другите земји на ЕУ како Шпанија, Белгија, Австрија и Италија исто така е забележан пораст на цените. Како резултат на тоа ISN го наведува падот на понудата, но и фактот дека постојат позитивни трендови што се однесуваат на побарувачката. Тоа најпрво се однесува на попуштањето на епидемиолошките мерки. Меѓутоа, во Германија тоа не е случај.

Земјите кои извезуваат во Кина бележат уште повисоки цени, но да потсетиме, Германија и понатаму не смее да извезува поради африканската свинска чума. Цените во склад со извозните можности се разликуваат помеѓу европските земји, а понекогаш и внатре во поедини држави. Така на пример, помеѓу Шпанија и Германија разликата е од 38 центи за килограм од овој вид месо.

Целата ситуација со падот на цените предизвика тешка ситуација и на нашиот пазар. Домашните одгледувачи станаа неконкурентни во однос на цената на свинското кое доаѓа од ЕУ, а вишокот произведен во Германија заврши на пазарите на нашите земји рушејќи ја цената на откупот за дури 29 посто.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Германијасвињи
Претходен напис Домашно производство – Одгледувајте си шери домати во саксии
Следен напис (Видео) На овој робот му се потребни 11 секунди да скине јаболко, исто колку и на човекот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?