Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германија: голема е побарувачката за мечкин лук – она што ќе пристигне во продавниците, веднаш се распродава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Германија: голема е побарувачката за мечкин лук – она што ќе пристигне во продавниците, веднаш се распродава
Магазин

Германија: голема е побарувачката за мечкин лук – она што ќе пристигне во продавниците, веднаш се распродава

Последна измена: 06/03/2020 11:25
Сподели
4 мин. за читање
Fresh wild garlic on a market in Germany
Сподели

 Сезоната  на дивиот лук во Германија,  или како што уште се нарекува  мечкин лук, започна минатата недела. Првите количини произведени во стакленици , пристигнаа во продавниците на југот на земјата. Време е за чистење на  организмот  и за борба против пролетниот замор, време е за мечкиниот  или дивиот лук. Како и да го наречете, ова диво растение, всушност им ја враќа енергијата на мечките после зимскиот сон и тоа е нивниот прв пролетен оброк кој им обезбедува сè што им е потребно. Ако е добар за мечките кои можат да тежат и по  500 килограми или повеќе, тогаш е добар и за луѓето.

Неговите позитивни дејства  ги препознале  и градинарите, па така  успешно се одгледува во Австрија, Белгија и Германија. Така, германската сезона на див лук, како што се нарекува на запад, започна минатата недела. Првите количини одгледувани во стакленици пристигна во продавниците на југот на земјата.

Голема е  побарувачката од  страна на купувачите

Побарувачката како што пишува   freshplaza  е зачудувачки голема. На пример, во продавница  во Гепинген, апсолутно сè што пристигнува тој ден е распродадено.

 „Оваа година, дивиот лук е повторно достапен многу порано. Изгледа дека веќе пристигна пролетта“, вели сопственикот на специјализираните продавници Гитлер.

 И покрај раниот почеток на сезоната, квалитетот на производите од стаклениците е многу добар, како и побарувачката од страна на муштериите. Оваа година природата се разбуди многу порано од вообичаеното, како всушност, таа дури и да не спиела. Љубителите на самоникнатите растенија веќе уживаат во раните плодови на ливадите и шумите. Сепак, мечкиниот лук сè уште не е во фаза за берење. „ Посебно оние што не се способни да ги разликуваат растенијата, не се во состојба да ја проценат фазата на детерминација на дивиот лук“, раскажува сигурен извор.

 Мечкиниот лук (Allium ursinum) расте во низините и во шумските области. Најчесто го има во  буковите шуми, а за да расте  му треба сенка и влажна почва. Иако сите делови на растението се јадат – од луковица до зелените плодови, највкусни се младите лисја што треба да се соберат пред  цветањето.

Внимателно при берењето

Купувајте го ова растение само од продавачи кои се апсолутно сигурни дека знаат што набрале. Исто така, ако одлучите сами да берете мечкин лук, одете со некој кој ги познава дивите растенија за да избегнете заменување со некое друго растение кое може да биде и смртоносно ако се користи за јадење.

Мечкиниот лук можете да го одгледате и во градината, но при берењето бидете многу внимателни

Постојат неколку начини како да го консумирате ова диво растение – свежо како салата, во супи или чорби. Се разбира, најдобро е да го јадете свежо, но ако го имате во големи количини што нема да можете да ги искористите, можете да го поделите со соседите или да направите песто.

Песто од мечкин лук

 На 100 грама мечкин лук ви требаат 30 мл маслиново масло, 20 гр тврдо сирење (пармезан или во веганска верзија 20 грама квасец ), 20 гр ореви (или бадеми, индиски ореви или фстаци), сол и бибер по желба. Сите состојки пасирајте ги во блендер , се додека не добиете  кремаста текстура. Префрлете ја смесата  во тегла и прелијте ја со малку маслиново масло. Вака припремено песто може да се чува во фрижидер до 10 дена. Можете да го користите  за тестенини, за супи и чорби.

Извор:Агроклуб

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:ГерманијаДив лукМечкин лукПесто од див лук
Претходен напис Времето денес …
Следен напис Македонските jагниња за 8 март ќе патуваат за Италија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?