На 7 јуни во Велес, во Хотел Романтик и на 8 јуни во НУ Центар за култура – Битола, фирмата „Гео Инновус“ одржа едукативни и информативни трибина на тема: TRIMBLE ПРЕЦИЗНО ПОЛЈОДЕЛСТВО”.
Првиот човек на Гео Инновус, Адам Анѓелески ги претстави можностите и предностите кои ги нуди оваа опрема за модернизирање на земјоделското производство.
На трибините присуствуваа голем број заинтересирани земјоделци и претставници од агробизнисот, кои се запознаа со најновите модерни технологии во делот на Прецизното земјоделство.




На трибината беа презентирани Trimble системите за прецизно полјоделство. Trimble пакетот на опрема го сочинуваат хардверски и софтверски решенија за современо управување со имот. Истиот се состои од Trimble GNSS системи за автоматско и мануелно управување, софтвер за прибирање и анализа на податоци, ISOBUS компатибилна технологија, Precision planting напредни решенија во прецизното полјоделство.




Како што напомена Анѓелески, се работи за високо исплатлива инвестиција која обезбедува намалување на трошоци, зголемен приход и унапредување во работењето. Треба да се напомене дека повратот на инвестицијата во прецизно полјоделство временски варира во зависност од бројни фактори како што се видот и големината на вашата фарма, имплементираност на специфична технологија и начинот на кој податоците се анализираат и имплементираат.
Меѓутоа, кога технологијата правилно е имплементирана и е дел од целокупниот план за работа, оваа технологија може брзо да ги намали трошоците за работна сила и влезните инпути, да ја намали потрошувачката на вода и да ви заштеди време и главоболки при планирање и изведување на работните задачи.
Една од најголемите придобивки на системите за управување е намалувањето на количината на преклопувања и/или прескокнувања во теренот, заштедувајќи ви гориво и време додека драстично го намалувате нивото на стрес зад воланот.

