На 7 јуни во Велес, во Хотел Романтик од 17 часот ќе се одржи едукативна и информативна трибина на тема: TRIMBLE ПРЕЦИЗНО ПОЛЈОДЕЛСТВО”. На 8 јуни иста таква трибина ќе се одржи и во НУ Центар за култура – Битола со почеток во 17 часот.
Разговараме со првиот човек на Гео Инновус, Адам Анѓелески за можностите и предностите кои ги нуди оваа опрема за модернизирање на земјоделското производство.

АГРОТИМ: За што ќе стане збор на Трибината, со кои нови технологии ќе ги запознаете присутните?
АНЃЕЛЕСКИ: Како примарен чекор кон дигитализација на полјоделството е вложување во пакетот на опрема за прецизно полјоделство. На трибината ќе бидат презентирани Trimble системите за прецизно полјоделство. Trimble пакетот на опрема го сочинуваат хардверски и софтверски решенија за современо управување со имот. Истиот се состои од Trimble GNSS системи за автоматско и мануелно управување, софтвер за прибирање и анализа на податоци, ISOBUS компатибилна технологија, Precision planting напредни решенија во прецизното полјоделство.

АГРОТИМ: Што е тоа прецизно полјоделство?
АНГЕЛЕСКИ: Пред да навлеземе во спецификите на прецизното полјоделство, најпрво ќе го дефинираме истото. Примарната цел на прецизното полјоделство е профитабилност, ефикасност и одржливост на фармата. Ова се постигнува преку комбинација на современа технологија и опрема.
Имено, технологијата во прецизно полјоделство прибира и анализира податоци од секое дејствие кое го извршувате на вашиот имот и помага при донесување на непосредни и идни одлуки: какво семе да се засади, на кое поле или каде точно ви треба прецизна количина на ѓубриво, хемикалија и сл. Откако ќе имате план за тоа како треба да се управува со вашиот имот, опремата за прецизно полјоделство прецизно го реализира вашиот план.
АГРОТИМ: Кaкви системи постојат за водење и управување на работни машини?
АНЃЕЛЕСКИ: Trimble системите се разликуваат во корекциските сигнали, односно точности кои фармерот треба да ги постигне за да ги задоволи своите потреби.
Постојат системи за:
-мануелно следење на корекциски сигнали,
системи за автоматско управување, кои ги следат корекциските сигнали со висока прецизност од 2.5cm.
Високо прецизното водење и управување на машини обезбедува извонредна точност при работа на терен, дозволувајќи им на полјодлеците да работат во секое време и во сите услови, дури и ноќе и во магла.

АГРОТИМ: Дали овие системи се едноставни за користење?
АНЃЕЛЕСКИ: Trimble системи се едноставни за употреба, располагаат со софтверска поддршка која е разбирлива, лесна за користење со контролери погодни за ракување и управување. Соодветна обука и поддршка е обезбедена за пренос на знаења околу користење на избраната софтверска поддршка со цел да се избегнат грешки и да се оптимизира работењето.
Причини и бенефити при вложување во Trimble GNSS прецизни системи ?
Постојат повеќе причини, а тоа се следниве:
1.Голема заштеда
• дирекни (смалување на преклоп и празен простор се добива заштеда од 5-20% , штедење гориво, заштеда на инпути, помала амортизација, помали трошкови, заштеда на време, работа без маркирање на терен.)
• индирекни (запазување на агро-технички рокови, работа 24h, помали грешки при раководење на машината, без губитоци во импути, гориво, време ; прави редови при сеење, помали губитоци при прскање, култивација, жетва; поголема прецизност, без додатни прскања и уништување на производот од еколошки аспект; меѓуредна култивација.)
2. Зголемување на принос;
3. Брзи и лесни за работа;
4. Работа во сите услови на видливост, ден, ноќ, магла;
5. Нема потреба од маркирање на терен, секогаш истите планирани линии се повторливи;
6. Зголемување на приход;
7. ISOBUS технологија, комуникација и контрола компатабилна со сите приклучни машини со Trimble навигатори.
АГРОТИМ: Зошто да се инвестира во опремата за прецизно полјоделство?
АНЃЕЛЕСКИ: Кога вашиот хардвер и софтвер можат да комуницираат меѓусебно, нема да морате да поминувате толку многу доцни ноќи планирајќи ги вашите следни чекори. Системите за прецизност ќе управуваат со тоа наместо вас. Со подобрување на севкупната ефикасност при работењето, можете да поминете повеќе време со вашето семејство и за приватни активности. Тоа е технологијата што ја поврзува целата ваша фарма како една целина, давајќи ви ја контролата и видливоста што ви се потребни за да донесувате подобри одлуки. Кога сте во можност да донесувате подобри одлуки, знаете дека го црпите максимумот од вашата работа, давајќи ви спокој и самодоверба.
АГРОТИМ: Дали инвестицијата во Trimble автоматски системи се исплати?
АНЃЕЛЕСКИ: Се работи за високо исплатлива инвестиција која обезбедува намалување на трошоци, зголемен приход и унапредување во работењето. Треба да се напомене дека повратот на инвестицијата во прецизно полјоделство временски варира во зависност од бројни фактори како што се видот и големината на вашата фарма, имплементираност на специфична технологија и начинот на кој податоците се анализираат и имплементираат.
Меѓутоа, кога технологијата правилно е имплементирана и е дел од целокупниот план за работа, оваа технологија може брзо да ги намали трошоците за работна сила и влезните инпути, да ја намали потрошувачката на вода и да ви заштеди време и главоболки при планирање и изведување на работните задачи.
Една од најголемите придобивки на системите за управување е намалувањето на количината на преклопувања и/или прескокнувања во теренот, заштедувајќи ви гориво и време додека драстично го намалувате нивото на стрес зад воланот.

АГРОТИМ: Зошто ISOBUS технологија?
АНЃЕЛЕСКИ: Основната цел на интеграцијата на податоците на прецизното полјоделство е да ги организирате сите ваши податоци од фармата на корисни начини за анализа и одлучување.
Кога купувате нов софтвер или хардвер за вашата фарма, проверете дали е компатибилен со она што веќе го користите. Ако системите не работат заедно, тогаш тоа нема да ви ги даде резултатите што ги барате. Но, ако користите ISOBUS технологија, нема потреба од загриженост. Технологијата ISOBUS е индустриски стандард за постигнување компатибилност помеѓу тракторите и влечните машини со следење на налогот „приклучи и репродуцирај“. Повеќе не ви треба посебен или сосема нов систем за прикажување за секој трактор, бидејќи би овозможува дисплејот и машината да комуницираат меѓу себе, без оглед на брендот или моделот.

АГРОТИМ: Дали оваа технологија е неопходна за секој полјоделец?
АНЃЕЛЕСКИ: Оваа технологија е неопходна и е иднината на полјоделството, обезбедува олеснување на работните задачи, анализирање и планирање, зголемена продуктивност, профитабилност и одржливост. Сето тоа ќе ве направи поконкурентен и чекор поблиску до глобалниот пазар.
– Гео Инновус ДООЕЛ е фирма чија дејност опфаќа дистрибуција, консалтинг и услуги од областа на инженерска геодезија и земјоделство, застапник за реномираниот светски бренд Trimble на пазарот во Република С.Македонија.

Располагаме со Тrimble опрема за прецизно полјоделство (Trimble Agriculture) и геодетска опрема. Покрај продажба, обезбедуваме поддршка, едукација и обука на сите наши клиенти и соработници.
