Едно од најодржливите села во светот, посветува големо внимание на безбедноста на локалното население и традиционалната архитектура, избегнувајќи ги стапиците на масовниот туризам.
Станува збор за „селото од разгледниците“, јапонското планинско село Ширакава, кое станало популарно ширум светот поради идилата што ја создаваат карактеристичните куќи со коси покриви, кои се нарекуваат гашо-зукури, а препознатливи се по сламените покриви кои потсетуваат на дланки склопени во молитва. На секои 20 години потребно е да се замени сламата на покривите, па не е невообичаено да ги видите селаните како имаат полни раце работа за куќите за да ја издржат ладната зима заедно со снежните врнежи.
![](https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2023/01/image-3-1200x800.png)
Во зима, покриено со снег, ова село изгледа како од бајките, исто како божиќните и новогодишните разгледници.
Зачуваните дрвени куќички стари неколку века се на списокот на светско наследство и секако се најпрепознатливата разгледница во рурална Јапонија.
![](https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2023/01/image-4.png)
На едниот брег од реката е сместено музејско етно село, со куќи кои буквално се пренесени од околните падини. Во секоја од нив може да се влезе и да се запознае со начинот на градење, организација на животот и секојдневието. Има и предмети, алати, возила, облека и обувки, карактеристични за овие планински предели, кои изобилуваат со снег и имаат сурови услови за живот.
![](https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2021/12/242562303_4521617097891125_1875928984197276384_n-1200x695.jpg)
На другиот брег на реката, сместено е „живото“ село, со куќи опкружени со мали оризови полиња и полиња со зеленчук. Дел од куќите локалното население ги пренаменило во кафулиња, продавници за сувенири и сл.
![](https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2021/12/243709062_4552095118176656_2422067116074112395_n-1200x694.jpg)
На почетокот на 90-те ова бајковито село се нашло на листата на УНЕСКО, поради што пораснал бројот на туристите кои сакале да го видат.
![](https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2021/12/244045252_4557487057637462_195202444997987619_n-1200x1571.jpg)
Малата рурална заедница од 1.600 жители годишно ја посетувале и до 2,15 милиони туристи од сите краишта на светот.
![](https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2021/12/254767960_4678095368909963_8598032174164757768_n-1200x679.jpg)
Меѓутоа, од 2019 година власта одлучила да го ограничи посетувањето на туристите креирајќи листа на чекање, а наредната година Ширакава повторно го разбудила интересот затоа што се нашла на холандската листа на најодржливи дестинации на светот.
![](https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2021/12/263528960_4753616398024526_352807767504356643_n-1200x669.jpg)
Освен животот во состав со природата и избегнување на масовен туризам тие се пофалиле и со строгите мерки за заштита од пожари во јапонското село, поради тоа во селото забрането е да се пушат цигари за да се спречат незгоди.
![](https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2021/12/263488915_4754682594584573_7349426211293736745_n-1200x725.jpg)
![](https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2021/12/266487153_4795550703831095_1883275171340056584_n-1200x689.jpg)
![](https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2023/01/image-5.png)