Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „ Интернационал Фреш фуд“ во мисија за зголемено домашно производство: „Јона пиле“ го освојува пазарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > „ Интернационал Фреш фуд“ во мисија за зголемено домашно производство: „Јона пиле“ го освојува пазарот
АгровестДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

„ Интернационал Фреш фуд“ во мисија за зголемено домашно производство: „Јона пиле“ го освојува пазарот

Објавено 09/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Конечно во Македонија има сериозно производство на пилешко месо за кое со години се одлеваа милионски суми за увоз. Конзорциумот „Интернационал Фреш Фуд“, составен од домашни и странски инвеститори влезе во бројлерско производство со амбициозен бизнис план и изградба на фарми, кланици и хали низ цела држава. Во период од 4 – 5 години планираат да произведуваат 12, 5 милиони бројлери годишно и со тоа да се заокружи нивниот среднорочнен план.

 – Се започна со влезот и проширувањето на КФЦ во балканските земји. Потребите на КФЦ за пилешко месо се големи и тие побараа регионален добавувач и регионален партнер. Со оглед на тоа дека и од претходно знаевме дека во нашата земја има недостаток на пилешко производство ни се роди идејата за инвестиција во бројлерско производство. Се работи за многу голема инвестиција и заедно со партнерите од нашата држава и од странство донесовме одлука за реализација на идејата – вели Арбен Абдурахмани, познат и почитуван наш стопанственик чија последна инвестиција, како дел од конзорциумот, ја раздвижува економијата на цел еден регион.

На овој начин не само што ќе има намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, кој во моментот изнесува 95% од домашната потрошувачка, туку и се отвора можност за извор надвор на странските пазари. Планот на инвеститорите е создавање на затворен круг на производство со сите потребни компоненти почнувајќи од матичните јата, инкубаторски станици, еднодневни пилиња, храна, сопствени фарми, модерна кланица па се до финален производ.

Покрај во Гиновце и во Врапчиште – Гостиварско, Кочани, Штип, Охрид, Струга, Ветуница, Карбинци, Свети Николе. Тоа значи и отворање на повеќе од 3000 нови работни места во оваа бранша и дополнително раздвижување на соработката со кооперанти и домашни производители на репроматеријали.

Производите под името „Јона пиле“ веќе се наоѓаат во малопродажба и потрошувачите можат да се уверат во квалитетот и вкусот на овој наш домашен производ.

Агротим е секогаш за поддршка на домашниот агрокомплекс и во таа насока препорачуваме потрошувачите да се приклучат во мисијата на „ Интернационал Фреш фуд“, да го зголемиме домашното производство на храна, а со тоа и можноста за зголемување на обработливите површини и отварање на нови работни места.

Конечно домашно пилешко месо и намалување на увозот: Конзорциумот од домашни и странски инвеститори – „Интернационал Фреш Фуд“ влегува сериозно во бројлерско производство кај нас

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:домашно производствојона пилемалопродажба
Претходен напис СН Осигурителен брокер: Сигурен земјоделец е само осигуран земјоделец!
Следен напис Милевски: Гермијан е пример за модерно европско село, со уредувањето на коритото жителите ги заштитивме од поројни дождови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?