Повеќето Французи од воведувањето на изолацијата на 17 март се здебелиле во просек 2,5 кг поради недостаток на физичка активност и грицкање помеѓу оброците, покажува денес објавеното истражување на Ифоп.
Според истражувањето, 56 отсто од мажите и 58 отсто од жените се здебелиле. Мажите во просек добиле по 2,7 килограми а жените 2,3 килограми. Невработените и нискоквалификуваните лица добиле повеќе килограми, а паровите со деца повеќе отколку самците.
Сред изолацијата поради пандемијата, 42 отсто до испитаниците навеле дека доаѓало до „ напнатост или жестока расправа“ со партнерот околу поделбата на работите при подготовка на оброците а 41 отсто од паровите се расправале околу видот на храната.

Воглавно жените подготвуваат поголем број оброци на парот: 71 отсто Французинки рекле дека спремале поголем број оброци, додека само 21 отсто од мажите кои живеат во пар, учествувале повеќе во подготовка на оброци отколку пред изолацијата.
Околу 42 отсто од испитаниците рекле дека поминуваат повеќе време во подготовка на оброци, а ист процент рекле дека почесто пиеле аперитив пред оброк.
По излегување од изолацијата, 56 отсто од испитаниците планира да се хранат поздраво, а само 18 отсто да се стави на диета.
Истражувањето на Ифоп е спроведено од 24 до 27 април меѓу 3045 лица постари од 18 години.
Извор: Данас

