Според најновите анализи кој ние ги направивме укажуваат на тоа дека променливото и нестабилно време кај нас ќе се задржи до самиот крај од оваа недела.
Ќе има и повремен локален дожд, особено од пладневните часови па натаму.
Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Што се однесува пак до температурите, истите и понатаму ќе бидат малку под просекот за овој дел од годината, и во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

