Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Француската влада најави помош од една милијарда евра за земјоделците погодени од пролетниот мраз
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Француската влада најави помош од една милијарда евра за земјоделците погодени од пролетниот мраз
Агровести

Француската влада најави помош од една милијарда евра за земјоделците погодени од пролетниот мраз

Објавено 17/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Земјоделските култури во Франција се тешко погодени од ниските температури во земјата скоро две недели, особенолозјата и овоштарниците, по што премиерот Жан Кастекс најави создавање „исклучителен фонд за солидарност“ од една милијарда долари, јави дописникот на МИА од Париз.
-Државата мора да биде на висината на оваа катастрофа. Во исклучителна ситуација, исклучителни мерки. Дојдов да објавам значителен напор од државата, во износ од една милијарда евра, бидејќи ситуацијата го оправдува тоа, изјави Кастекс на крајот од тркалезната маса со земјоделските претставници и локални политички раководители во Монтањак, во Херо.

Овој фонд е во прилог на целата друга исплатена помош и ќе се активира според претрпените „реални загуби“, што ќе бидат пријавени во наредните месеци од производителите.

Премиерот се осврна и на другите итни мерки, „кои брзо ќе бидат распоредени“: одложување и ослободување од социјални придонеси, ослободување од данок на имот на неизградено земјиште, мобилизација на постојните механизми во смисла на делумна активност, плик за вонредни состојби доделени „во рок од десет до петнаесет дена” до префектите за да им се обезбеди непосредна поддршка на фармите со најголема тешкотија …

Надоместокот за овоштарите во системот на земјоделски катастрофи ќе се зголеми на 40 отсто за најзначајни загуби. За секторите кои во моментов не се опфатени со овој режим на земјоделски катастрофи, особено лозарите, ќе се спроведе слична поддршка. Дејствувајќи „брзо“, „Владата презеде мерка за тежината на ситуацијата“, изјави Кристијан Ламберт, претседател на главниот земјоделски сојуз, ФНСЕА.

– Ова се добри најави, со мерки за помош од Министерството за финансии, исклучителен фонд за компензација на нашето климатско затворање, слично на санитарното затворање на рестораните поради Ковид-19 …, рече тој.

Најмалку третина од производството на француско вино „ќе се изгуби“ поради мразот, што претставува „околу две милијарди евра помалку обрт“ за овој сектор, според првата проценка соопштена во петокот од генералниот секретар на ФНСЕА, Жером Деспеј. Што се однесува до производителите на овошје, загубата на производството на кајсии во оваа фаза се проценува на 60 отсто.

– Ризикуваме да имаме кајсии на почетокот на сезоната и колку повеќе одиме во сезоната, толку помалку ќе има, објасни Бруно Дарно, претседател на производителите на праски и кајсии на Франција. Како што рече , за праски и нектарини, се надеваат на берба од 60-65 отсто.

Во однос на јаболката, Даниел Соваитре, претседател на Националното здружение на производители на јаболка и круши, ијави дека минималните загуби ќе бидат околу 30 отсто, а во најлош случај може да бидат 50 отсто.

– Историски гледано, половина берба никогаш не се случила, забележува тој. Според Дарно, Франција може да очекува оваа година да изгуби половина од производството на овошје, што е загуба од 1,5 милијарди евра.

За културите на репка, загубите се проценуваат на 10 отсто од вообичаената бројка. Се проценува дека за овие култура  загубата на родот изнесува вкупно 600 евра недостиг по хектар, според синдикатот на производителите на репка. 
МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:помошпролетен мразФранција
Претходен напис Нов Зеланд разгледува иницијатива за забрана за пушење за родените после 2004 година
Следен напис Заев: Заеднички ќе направиме сѐ за да ги искористиме максимално средствата наменети за агросекторот и руралниот развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?