Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Зелената архитектура е иднина на градежништвото – Погледнете неколку неверојатни зелени архитектонски градби кои го воодушевуваат светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ФОТО) Зелената архитектура е иднина на градежништвото – Погледнете неколку неверојатни зелени архитектонски градби кои го воодушевуваат светот
Магазин

(ФОТО) Зелената архитектура е иднина на градежништвото – Погледнете неколку неверојатни зелени архитектонски градби кои го воодушевуваат светот

Објавено 22/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И порано е научно докажано дека урбаните градини, шуми и паркови ја намалуваат депресијата и поволно делуваат на менталното здравје, но се и исклучително вредни за зачувување на животната средина. Урбаните градини и вертикалните фарми почнуваат да се појавуваат насекаде низ светот, бидејќи ОН предвидуваат дека 68 отсто од светското население ќе живее во градовите до 2050 година.

А кога станува збор за зелената архитектура, резултатите се зачудувачки. Што ја прави зградата одржлива? Станува збор за минимизирање на влијанието на конструкцијата на околината. Тоа може да биде преку енергетска ефикасност, еколошки прифатливи материјали или свеста за своето опкружување, со цел да се зачува биолошката разновидност на подрачјето.

Ви пренесуваме неколку примери на неверојатна архитектура ширум светот кои покрај својот изглед, волшебни се и со својата еколошка прифатливост.

Toronto Tree Tower

Станува збор за станбен блок на архитектот Крис Прехт кој е направен од дрво и кој вклучува ѕидови со растенија и дрвја кои никнуваат од балконот.

„Знаењето ќе биде важно за паметните градови, но и свеста, емоциите и нашите сетила. Тоа ќе го постигнеме со поврзување со природата и интегрирање на растенијата. Згради со еколошки материјали кои сакаме да ги допреме. Интегрирани градини кои можеме да ги мирисаме и јадеме. И згради кои можеме да ги слушнеме затоа што во нив се гнездат пчели и птици. Тоа е мојот сон за иднината“, изјави архитектот.

Park Royal Pickering, Сингапур

Архитектонската фирма WOHA со седиште во Сингапур, основана од Вонг Мун Сам и Ричард Хасел во 1994 година, ја изгради, меѓу другото, и оваа зелена хотелска зграда со накривени високи градини, рефлектирачки базени, водопади и зелени ѕидови.

Винарија Shilda, Грузија

Дефинитивно една од најинтересните винарии во светот. Зградата е буквално споена во пејзажот на лозјето, што ја прави едвај забележлива од птичја перспектива. За овој проект стопен со природата се задолжени архитекти од британската канцеларија „ X-architecture “.

Off The Grid Office, Букурешт

Стефан Манту од Engraff, со седиште во Букурешт, Романија, дошол на идеја за „Off The Grid Office“ за да ја илустрира нашата постојана потреба да се поврземе со природата, тврди тој.

„Зелената архитектура е тема од големо значење за сите нас, бидејќи треба да се смета за еден од виталните чекори кон одржливиот развој на нашето постоечко општество. Off the Grid Office е концептуален проект кој пренесува дека функционалните простори треба да ја одржуваат и почитуваат рамнотежата помеѓу луѓето и местата на коишто се изградени. Кои се најважните елементи на удобност при дизајнирање на човечко живеалиште? Воздух, светлина, звук. „Off the Grid Office е развиен околу идејата дека какво било човечко опкружување треба да се интегрира во постоечката природна средина, бидејќи таа веќе нуди придобивки што обично се обидуваме да ги репродуцираме со вештачки материјали“, вели архитектот во едно интервју.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:Зелена архитектура
Претходен напис На -8 степени Целзиусови и 15 сантиметри снег, во Шведска се бере грозје за производство на ледено вино
Следен напис Германија одобри стратегија за поквалитетна храна во јавните места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?