Олдтајмер клубот „Класик Бјеловар“ – задруга за историска техничка култура на 28. Есенски беловарски меѓународен саем во Гудовац, Хрватска, што се одржа на 5 септември ја претстави изложбата олдтајмер трактори, кои привлекоа голем број вљубеници во механизацијата, како и љубопитни луѓе кои можеби никогаш досега не виделе како некогаш изгледале старите трактори.
Меѓу другите изложени беа и Fendt од 50-те години на минатиот век, германскиот зелен Lanz исто така од тој период, синиот британски Leyland, како и Kramer KL22 кој се смета за вистинскиот раритет.
Погледнете дел од тракторите.










Фотографиите се преземени од фејсбук-страницата на Oldtimer-klub-Classic
