Добредојде Macedonia Welcome Centre во соработка со компанијата „Евал“, сопственик на брендот „Туф“ веќе неколкупати организираа дипломатски прошетки насловени „По патот на тартуфите“ на падините на Скопска Црна Гора, Македонија.
Повеќе од педесет дипломати присуствуваа на првиот настан кој беше исполнет со многу радост, насмевки и шеќерчиња за кучињата кои ги ископуваа тартуфите.

Последниот „лов на тартуфи“ беше организиран пред неколку недели во скопско Кучково по повод заминувањето на амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Предан. Собраните скриени тартуфи, кои добро обучените кучиња лагото од специјалната одгледувачница на компанијата „Евал“ успеаја да ги лоцираат, им беа подарени на амбасадорот и на неговата сопруга како проштален подарок. Водичи на турата беа сопствениците на компанијата Tuf.mk, која произведува прехранбени производи од тартуфи.

По завршувањето на ловот во шумата, за заокружување на целото доживување, групата имаше можност да дегустира домашни специјалитети со тартуфи.

Ловот на тартуфите претставува одлична можност странските дипломати да се запознаат со убавината на македонските шуми, природните богатства на шумите, а истовремено нашата држава ја стави на мапата на дестинации кои во понудата имаат и лов на тартуфи, несекојдневна авантура која може да ги задоволи и најпрефинетите вкусови.

„ТУФ“ и Добредојде Macedonia Welcome Centre со овој настан ја збогатија понудата на ексклузивни авантуристички настани кај нас, а воедно ја ставија државата на мапата на дестинации кои во понудата имаат и лов со тартуфи, што е многу популарно и ценето во светот.

