Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Во делчевското село Тработивиште се одржа „Зелкаријада 2022″
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > (ФОТО) Во делчевското село Тработивиште се одржа „Зелкаријада 2022″
Саеми и манифестации

(ФОТО) Во делчевското село Тработивиште се одржа „Зелкаријада 2022″

Објавено 21/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во делчевското село Тработивиште вчера се одржа манифестацијата „Зелкаријада 2022″. Како што истакнаа организаторите, се работи за манифестација која има за цел промоција на најзастапената земјоделска култура која се децении се одгледува на овие простори.

Фото/delcevo365.mk

-За големото производство на зелка во иднина мора да се финализира проектот за уредување на селскиот ,,јаз”. Ако во него тече вода и лете зиме како некогаш, ќе има поголема хигиена, поголемо производство и повеќе производители, не само на зелка како најзастапена култура, туку и на други производи, истакнаа организаторите на настанот, пренесе МИА.

Фото/delcevo365.mk

Иако низ годините зелката била основен земјоделски производ од чие производство и продажба егзистирале голем број семејства, во последните години, како што истакна Неџат Демировски нивниот број е сведен на минимум.

Фото/delcevo365.mk

-Поради миграцијата, шест семејства во моментот целосно се посветени на одгледувањето на овој производ. Сепак, значајно е да се организира оваа манифестација која на некој начин дава значење на најзастапената земјоделска култура по која е познато село Тработивиште, истакна Демировски.
Годинашната манифестација беше посветена на ликот и делото на народниот уметник Димитар Узунски, за што од фолкорната група ,,Копачка” изразија задоволство за посветата на настанот на нивниот долгодишен претседател.

Фото/Facebook

-За нас ова е одлична можност да покажеме дека Пијанецот го одржува орото ,,Копачка” кое е дел од репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на Пијанец, како заслуга на нашиот долгогодишен претседател по потекло од село Тработивиште, рече Стојановска.
Во рамки на настанот беше подготвена богата-културно уметничка програма со заеднички ручек подготвен до намирници од зелка како најзастапен производ во едно од најбројните по жители делчевски села.

Фото/Facebook
Фото/Facebook
Фото/Facebook

Може да ви се допадне

Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
(ВИДЕО) Божидар подели 10 тони зелка бесплатно! Подобро да им дадам на луѓето отколку да фрлам!
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
(ВИДЕО) Берба на брокула, зелка, кромид со модерни машини
Таг:зелказелкаријадатрабовиште
Претходен напис АХВ: Од пазарот се повлекува јогурт „Баланс+“ поради присуство на токсични материи афлатоксини
Следен напис Времето денеска променливо облачно со повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?