Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) На фармата „Пивко“ презентирани современите роботи за молзење крави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > (ФОТО) На фармата „Пивко“ презентирани современите роботи за молзење крави
Механизација

(ФОТО) На фармата „Пивко“ презентирани современите роботи за молзење крави

Објавено 24/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Општина Могила УСАИД и Млекара-Битола презентираа современи роботи за молзење крави. Вршителот на должност амбасадор на САД во Северна Македонија, Ерик Мејер, директорот на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем Дејан Јаневски, директорот на Млекара АД Битола Ѓорѓи Петрушев, сопственикот на фармата „Пивко“ Стево Пивковски и сопственикот на фармата „Млекопромет“ Горан Велјановски, во пелагониското село Могила презентираа современи роботи за измолзување крави.

Амбасадорот Ерике Мејер за време на посетата на фармата „Пивко“ во село Могила, појасни дека станува збор за роботи кои прв пат се употребуваат, најнова технологија која е од клучно значење за развојот на млекопроизводствениот сектор.

-Создавајќи партнерства успеавме да поттикнеме инвестициски циклус од над 8,1 милиони американски долари и тоа е импресивен подвиг. Ваквиот раст е важен за американската влада бидејќи силната економија во земјава е добра и за американската и за глобалната економија. Им честитам на пелагониските фармери и ние ќе продолжиме со поддршка бидејќи постојаниот раст зависи од репликација на вакви иницијативи во иднина и во таа смисла ние ќе продолжиме да соработуваме, истакна в.д. американскиот амбасадор Мејер.

Според генералниот директор на Млекара АД Битола Ѓорги Петрушев, модернизацијата на примарното млекопроизводство е од суштинска важност, а внесувањето на робот за измолзување е само прв чекор во процесот на модернизација.

-Овој трипартитен проект ги дава првите резултати и според мене претставува квантен скок бидејќи ќе охрабри и други фармери да се вклучат во овој процес на модернизација, кој пак е единствен начин да се зголеми продуктивноста и квалитетот. Импресиониран сум од контролата на произведеното млеко што со овие роботи се врши во секој момент, а тоа гарантира дека и до крајниот потрошувач ќе стигне врвен производ. Исто така сум задоволен од продуктивноста на грлата кои произведуваат и повеќе од 50 литри млеко на ден и затоа продолжуваме со вакви проекти, роботи за измолзување крави, нагласи Петрушев.

Стево Пивковски е истакнат фармер, кој повеќе од 20 години се занимава со одгледување на крави и млекопроизводство.

-Среќен сум што првиот робот за измолзување крави во една македонска фарма е инсталиран токму во мојата фарма „Пивко“. Зачекоривме во нови технологии и верувам дека и други фармери ќе се охрабрат и ќе го следат мојот пример. Според првичните резултати, во првите 15 денови воочивме дека се зголемува млечноста, продуктивноста, хигиената во млекопроизводството – посочи Пивковски, пренесе МИА.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем почна во 2017 година, информираа организаторите на промотивниот настан во пелагониското село Могила.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач со носивост 520 кг, одличен за работа на фарма!
АГРО ГЕА: Тракторски приколки!
Таг:пивкороботи за молзење крави
Претходен напис Николовски: Преку нови седум национални програми даваме поддршка за развој на малите производители на храна, вино и малите дестилерии
Следен напис Повеќе од 330 животински видови во светот се загадени со неуништливи хемикалии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?