Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Локализирани се двата пожари во Кочанско, изгореа 200 хектари шума и земјоделски површини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Фото) Локализирани се двата пожари во Кочанско, изгореа 200 хектари шума и земјоделски површини
Агровести

(Фото) Локализирани се двата пожари во Кочанско, изгореа 200 хектари шума и земјоделски површини

Објавено 29/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Припадници на територијалните противпожарни единици од Кочани, Виница и Штип рано изутрината ги локализираа двата пожара во Кочанскиот регион, кои зафатија борова шума и земјоделско земјиште.

Во огнената стихија на падините на Осогово над Кочани изгореа околу 100 хектари зимзелена шума и нискостеблести растенија, а кај селото Тркање на иста површина оштетени се земјоделски насади и млада шума.

-Натчовечки напори вложивме во текот на ноќта за да го спречиме ширењето на огнот кој стигна на неколку стотини метри од првите куќи во Кочани. Слично беше и кај селото Тркање, каде успеавме да го спречиме ширењето кон селото Бели и да спасиме десетици хектари засеани со лешници. Во интервенциите на двете локации ни помогнаа колегите од соседните градови, но и вработени во подружницата на „Национални шуми”, од комуналното претпријатие „Водовод”, како и месно население. Висината на штетата допрва ќе се утврдува, но најважно е што огнот не навлезе во населените места и во градот, истакна Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Мобилна екипа од пожарникари и од други јавни институции сè уште е дежурна на теренот за да се спречи ново разгорување на огнот.

May be an image of fire and outdoors

Увидот на терен покажал дека пожарот кај Тркање настанал по паѓање на жица од далновод за електрична енергија, а огнот во близина на Кочани е подметнат, иако првичните претпоставки беа дека е предизвикан од гром.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Кочанипожар
Претходен напис Планирам да го откупам целиот планински чај од Мала Преспа и да го продавам во Америка, вели Валентин Андон, сопственик на бизнис во Чикаго
Следен напис Од први август ќе се собираат шумски плодови на планината Кожуф
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?