Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Планирам да го откупам целиот планински чај од Мала Преспа и да го продавам во Америка, вели Валентин Андон, сопственик на бизнис во Чикаго
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Планирам да го откупам целиот планински чај од Мала Преспа и да го продавам во Америка, вели Валентин Андон, сопственик на бизнис во Чикаго
Магазин

Планирам да го откупам целиот планински чај од Мала Преспа и да го продавам во Америка, вели Валентин Андон, сопственик на бизнис во Чикаго

Објавено 29/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Планинскиот чај од плантажите во Мала Преспа, Албанија, каде рачно се одгледуваат големи површини со овој насад, веќе две години завршуваат на американскиот пазар благодарение на Валентин Андон.

По потекло од Мала Преспа, каде што живеат етнички Македонци, во 2019 година Андон заминува на студии по маркетинг во Чикаго. Но, трошоците за живот го принудиле да бара начин за егзистенција и подобар живот.

„Идејата почна со вујко ми. Ние и нашата фамилија одгледуваме чај во Мала Преспа. Имаме многу чај. Чајот во Мала Преспа е како тутунот во Прилеп.

Има многу количини, но понекогаш беше проблем да се продаде. Многу лаги, проблем и чајот ќе остане и нема да се продаде. И затоа ние размислувавме тој чај да го увеземе во Америка“, вели Андон, сопственик на брендот „Активити“.

Откако добро го проучиле тамошниот пазар, потребите и соодветната законска регулатива, во 2020 година почнале со регистрација на брендот „Активити“, под кој денес се продава овој производ.

Пред да почнат да продаваат, ги обезбедиле сите потребни дозволи од Федералната агенција за храна.

„Се зема чајот од Мала Преспа и доаѓа во Америка. Потоа имаме наши паковки и според американските регулации ние го пакуваме и го продаваме онлајн. Сега се прошируваме и во некои продавници“, вели Андон.

Идејата е нивниот производ да биде присутен и во некои од поголемите маркети каде што се продаваат производи од балканските држави.

„Најчести клиенти ни се луѓето од Европа, односно од Балканот, Албанци, Бугари, Македонци, Грци. Овој чај за жал не е познат многу во Америка и затоа ние правиме сѐ што можеме за да дадеме колку можеме повеќе информации за него“, вели тој.

Но, неговите планови не застануваат овде.

„Планираме да отвориме наши продавници во Америка каде што луѓето ќе можат да дојдат, да седнат и да ги пробаат нашите чаеви“, рече тој.

Годишно увезуваат повеќе од сто килограми чај од Мала Преспа.

„Вие знаете дека многу луѓе од Мала Преспа доаѓаат во Охрид и Струга и го продаваат чајот на пат и на пазар. Но, јас планирам да им го откупам целиот чај и да го работам во Америка“, додаде тој.

Вели потребен е добро разработен маркетинг и бизнис план, а за поголеми успеси – време и многу работа.

„Јас на сите им порачувам да го прават тоа што тие го сакаат. Ако сакаш нешто треба тоа да го направиш без да си ја комплицираш идејата“, рече Андон.

Неговата желба е еден ден да се врати во Македонија и во Охрид, каде што го завршил своето средно образование.

Извор: Гласот на Америка на македонски јазик

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:преспасад
Претходен напис „Отворен Балкан“ е новото име на регионалната иницијатива за силен импулс за поттикнување на регионалната соработка
Следен напис (Фото) Локализирани се двата пожари во Кочанско, изгореа 200 хектари шума и земјоделски површини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?