Лонг Бои е хибрид од дива патка и индиска тркачка патка, а висока е 70 сантиметри.

Иако нејзиното потекло и понатаму е тајна, патката е вистински хит во кампусот на универзитетот во Јорк. Таа има и свој инстаграм-профил, кој го водат студентите од 2019 година, а има дури и своја линија на гардероба, па нејзините фанови можат да купат маица или шолја со нејзиниот лик.

Сепак, Лонг Бои во споредба со индиските патки е со очекувана висина бидејќи тие видови на патки можат да достигнат и до 80 сантиметри.

