Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фон дер Лајен: Воведувањето царини ќе ги поткопа трансатлантските односи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фон дер Лајен: Воведувањето царини ќе ги поткопа трансатлантските односи
Агровести

Фон дер Лајен: Воведувањето царини ќе ги поткопа трансатлантските односи

Објавено 17/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Воведувањето царини би ги поткопало трансатлантските односи и би ризикувало опасна негативна спирала, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во писмена изјава со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, таа потенцира дека Европа ќе остане единствена, координирана и посветена на почитување на својот суверенитет. Реакцијата следува по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини кон осум европски држави поради Гренланд.

„Територијалниот интегритет и суверенитет се основни принципи на меѓународното право. Тие се од суштинско значење за Европа и за меѓународната заедница во целина. Конзистентно ја нагласувавме нашата заедничка трансатлантска заинтересираност за мир и безбедност во Арктикот, вклучително и преку НАТО. Претходно координираната данска вежба, спроведена заедно со сојузниците, одговара на потребата за зајакнување на безбедноста во Арктикот и не претставува закана за никого“,се наведува во објавата.

ЕУ изразува целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд, потенцира фон дер Лајен.

„Дијалогот останува од суштинско значење и посветени сме на градење на процесот што веќе започна минатата недела помеѓу Кралството Данска и САД“,посочува таа.

На објавата на Трамп за воведување царини реагираа европските лидери. Францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и шведскиот премиер Улф Кристерсон ги осудија заканите на американскиот претседател како погрешни и неприфатливи.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите Американски Држави ќе воведат царини од 10 проценти за осум европски земји кои се спротивставуваат на неговата намера за преземање на контролата врз Гренланд. Во објава на социјалната мрежа Трут соушал, тој соопшти дека мерката стапува во сила од 1 февруари.

Царините ќе се зголемат на 25 проценти од 1 јуни и ќе продолжат да важат се додека не се постигне договор за Гренланд.

Според најавите на Трамп, царините се воведуваат за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска.

Извор – 360 Степени

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:САДФон дер Лајенцарини
Претходен напис ЕУ и Меркосур потпишаа трговски договор со што се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот
Следен напис Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?