Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ и Меркосур потпишаа трговски договор со што се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ и Меркосур потпишаа трговски договор со што се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот
Агровести

ЕУ и Меркосур потпишаа трговски договор со што се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот

Објавено 17/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската унија и јужноамериканскиот трговски блок Меркосур денеска потпишаа историски трговски договор, со што се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот.

Потпишувањето на трговскиот договор, што беше емитуван во живо на веб-страницата на Европската комисија, се одржа на церемонија во главниот град на Парагвај, Асунсион, каде што на 26 март 1991 година беше потпишан Договорот од Асунсион, со кој беше создаден Меркосур.

Договорот го потпишаа министрите за надворешни работи на земјите од Меркосур и европскиот комесар за трговија, Марош Шефчович.

Парагвај моментално го држи ротирачкото претседателство со Меркосур, преземајќи ја функцијата од Бразил на крајот на 2025 година.

На настанот во Асунсион, страната на ЕУ ја претставуваа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и комесарот за трговија на ЕУ, Марош Шефчович, додека Меркосур го претставуваа претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења, Аргентинецот, Хавиер Мили, Уругваецот, Јаманду Орси, Боливиецот, Родриго Паз, бразилскиот министер за надворешни работи, Мауро Виеира, и панамскиот претседател Хозе Раул Мулино, чија земја стана придружена членка на јужноамериканскиот блок лани.

Во говорот на церемонијата на потпишување, Урсула фон дер Лајен рече дека договорот е „симбол на новото партнерство меѓу Меркосур и Европа“ и создава најголема зона на слободна трговија во светот.

Заедно, ЕУ и Меркосур сочинуваат околу 20 проценти од светскиот бруто домашен производ (БДП) и опфаќаат повеќе од 700 милиони потрошувачи, додаде фон дер Лајен.

Договорот со Меркосур треба да биде ратификуван од Европскиот парламент пред да може да стапи во сила.

Европската комисија преговара за договорот со членовите основачи на Меркосур – Аргентина, Бразил, Уругвај и Парагвај – од 1999 година. Договорот беше објавен во 2019 година, но никогаш не беше формално ратификуван поради барањата на ЕУ за обврски во врска со уништувањето на шумите на Амазон и климатските промени.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еуМеркосурслободна трговијатрговски договор
Претходен напис Магла и слаби врнежи од снег кај Плетвар
Следен напис Фон дер Лајен: Воведувањето царини ќе ги поткопа трансатлантските односи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?