Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР: 240 илјади евра достапни преку новиот јавен повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ФИТР: 240 илјади евра достапни преку новиот јавен повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан”
Јавни огласи и повици

ФИТР: 240 илјади евра достапни преку новиот јавен повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан”

Објавено 12/04/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан”, со кој вкупно 240 илјади евра ќе се доделат за поттикнување на соработката помеѓу академската заедница со домашните, мали и средни компании, во насока на поддршка на научно истражувачки проекти кои ќе придонесат кон зголемување на иновативноста и конкурентноста на бизнисите.

Пилот програмата „Ваучери за иновации за Западен Балкан“ ја реализира Фондот за иновации и технолошки развој како дел од европскиот проект „Policy Answer” (Одговори за јавните политики – креирање, спроведување и поддршка на политиките за истражување и развој на Западен Балкан), во кој Фондот ја доби главната улога во пилотирање на мерки за поддршка за истражување, развој и иновации во сите економии од Западен Балкан. Проектот е финансиран од програмата Хоризонт Европа на Европската Комисија.

Главен критериум за подобност за прекураничката соработка е апликантот и давателот на услугата мора да бидат од две различни економии на Западен Балкан. На јавниот повик можат да аплицираат: правни деловни субјекти регистрирани како микро, мали или средна компанија во која било од економиите на земјите од Западен Балкан, инкорпориран според соодветниот актуелен Закон за трговски друштва на земјите од Западен Балкан и регистриран во која било агенција за регистрација на бизниси на земјите од Западен Балкан и лоциран во земјите од Западен Балкан.

Иновациските ваучери ќе можат да се искористат за покривање на 80% од вкупните трошоци на високо образовните институции, во износ од 8.000 евра без данок на додадена вредност (ДДВ). Останатиот дел од 20 отсто е учество на компанијата, корисник на услугите од факултетите. Доделените Ваучери за иновации примателот треба да ги искористи во период до девет месеца од датумот на потпишување на договорот.

Средствата од ваучерите ќе можат да се искористат за пренос на научно, технолошко или иновативно знаење што е ново за компанијата или за решавање на техничко/технолошки проблем што ќе го идентификува компанијата, односно за: развој на нови или подобрување на постоечките производи, процеси или услуги, доказ за концепт, физибилити студија, производство на лабораториски прототипови, производство на демонстративни прототипови, различни видови тестови, валидизација на технологијата, валидизација на нови или подобрени производи, процеси или услуги, развој и воведување на специјален софтвер за производ или процес, како и ИПР и трансфер на технологија.

Рокот за аплицирање на повикот за „Ваучери за иновации” е најдоцна до 26 Јуни 2024 година, до 16:00 часот. Аплицирањето е исклучиво електронски, преку веб страната на ФИТР: https://shorturl.at/qwD17

Може да ви се допадне

Можеме ли да ги ублажиме пожарите на ниво на предел во Западен Балкан?
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Анкета: Бизнисите од Западен Балкан бараат итно укинување на трговските бариери
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:240 илјади евраВаучери за иновациидостапниЗападен Балканјавен повикФИТР
Претходен напис ЦУК: Изминатото деноноќие 20 пожари на отворено, три се уште активни
Следен напис За викендот сончево и топло, од вторник заладување и дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?