Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Изминатото деноноќие 20 пожари на отворено, три се уште активни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Изминатото деноноќие 20 пожари на отворено, три се уште активни
Агровести

ЦУК: Изминатото деноноќие 20 пожари на отворено, три се уште активни

Објавено 12/04/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатото деноноќие на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрирани се 20 пожари на отворено, од кои три се уште се активни.

-Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица вчера во 12:00 часот имале интервенција на шумски  пожар во атарот на село Дулица  каде што горела дабова и мешана шума. На терен биле излезени повеќе екипи: тројца пожарникари со едно возило, четворица шумарски работници со едно теренско возило, од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Голак“ од Делчево со пет вработени, од ТППЕ-Виница и доброволно друштво со две возила и шест доброволции, од ТППЕ-Кочани заедно со доброволно друштво со едно возило и пет доброволци. Во 19:30 часот, пожарот беше локализиран. Сите екипи биле повлечени од местото на настанот за во утринските часови денеска, да излезат на терен за догаснување на локализираниот шумски пожар. Опожарена била површина од околу 30 хектари, соопшти утрово ЦУК.

Од Регионалниот ЦУК Тетово известиле дека вчера од доцните попладневни часови имало шумски пожар на висок и непристапен терен над село Ѓермо, каде што горела дабова шума, лисја и ниска вегетација. Од Национален парк „Шар Планина“ не можеле да интервенираат на пожарот заради настапувањето на ноќта. Од ЦУК велат дека во текот на денешниот ден планирано е да интервенираат, ако во текот на ноќта не се самоизгасне.

 -Во 20:35 часот на 112 во ЦУК добиена е пријава за пожар и над село Селце, при што веднаш е известен НП „Шар Планина“. ЦУК беше известен со повратна информација дека од Националниот парк во текот денешниот ден ќе интервенираат ако во текот на ноќна пожарот не се самоизгасне, се наведува во соопштението.  

Од ЦУК соопштуваат дека изминатите 24 часа имало вкупно 1 959 повици на  бројот 112 , од нив  „реални“ биле 54,47 проценти од повиците, а 45,53 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 54 отсто, кон итната медицинска помош 39 проценти, а кон пожарникарите  6,45 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:20 пожариИзминатото деноноќиеотворенотри активницук
Претходен напис Николовски: Момчило е вреден земјоделец кој одгледува аронија, а преку ИПАРД програмата е поддржан во набавка на машина за берење аронија
Следен напис ФИТР: 240 илјади евра достапни преку новиот јавен повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?