Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фестивал на биодиверзитет во „Јавна соба“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фестивал на биодиверзитет во „Јавна соба“
Агровести

Фестивал на биодиверзитет во „Јавна соба“

Објавено 05/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Четврто издание на Фестивалот на биодиверзитет ќе се одржи денеска во „Јавна соба“ во организација на „Слоу фуд Водно“ и со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и We Effect.

Насловен е  „Нагости се, не бери гајле. Ајде на здравје, у Скопје“ и ќе може да се посети од  10 до 17 часот. Како што најави организаторот, настанот е замислен како неформално дружење и можност да се купи нешто домашно, автентично и вкусно.

-Во центарот на вниманието ќе биде деликатесот што го има само во Скопје: омилената симит погача, што многумина ја нарекуваат „тесто во тесто“, симбол на градот, на мултикултура и врв на вкусна едноставност. Фестивалот е и можност да се дознаат многу работи за локалните производители од сите конвивиуми на „Слоу фуд Македонија“: разни вкусови, благо, солено, луто, гастрономски деликатеси во тегли – ајвар, пинџур, џем, слатко…, се природно, со вкусови што враќаат во детство, потоа – традиционалните козји, кравји и секакви сирења, сувомесни производи сушени на дрва.. Оние што не го запознале вкусот на тартуфи, ова е можност да се вљубат во некој од производите на оваа печурка, соопшти „Слоу фуд Водно“.

На фестивалот ќе има и презентации: пивски и вински, дегустации на ракија и ликери. Предвидени се и два мастеркласа – во 12 часот ќе се одржи работилница за тестенини и во 13 часот – работилница за занаетчиско пиво. х

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:биодиверзитетЈавна собафестивал
Претходен напис Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер
Следен напис ,,Вкусот на традицијата” – саем за локални производи на 15 октомври во Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?