Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фарма за муви во Виена произведува ѓубриво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Фарма за муви во Виена произведува ѓубриво
Магазин

Фарма за муви во Виена произведува ѓубриво

Објавено 05/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компанија со седиште во Виена одгледува црни „војнички муви“ (Stratiomyidae / Стратиомиидае), за потоа да ги користи заедно со остатоците од производството на храна за луѓе и животни коишто се пренаменуваат во ѓубриво и повторно – во сточна храна, според Катарина Унгер – сопственичка на „Ливин фармс“. При тој процес, илјадници инсекти ги положуваат своите јајца во кафез во фармата во виенската Општина Симеринг.

– Произведуваме млади ларви од црни војнички муви, коишто ги пакуваме и им ги испраќаме на нашите клиенти за да можат да ги гојат во сопствените објекти, па подоцна да ги користат како храна за животни. Ларвите се хранат со отпад од прехранбената индустрија. Тие го јадат, го преработуваат во висококвалитетни протеини и масти, а остатокот од процесот е ѓубриво што може да се користи во земјоделството, појасни Унгер.

Годишно во Виена се произведуваат пет милијарди ларви. Концептот, имено, е таков што производите од инсектите можат да се користат во одгледувањето свињи, живина или риба, но и како ѓубриво за растенија.

– Во мигов имаме шест проекти за изградба на постројки ширум Европа, а тие би преработувале 100.000 тони отпад годишно во протеини, масти и ѓубрива од инсекти. Нашата цел е да изградиме 50 постројки низ Европа до 2030 година и со тоа да преработиме еден милион тони отпад, рече Унгер.

Таа ја добила идејата за одгледување инсекти во Хонг Конг. Таму, вели, има многу малку простор и мора да се произведува многу на мала површина – и сега и во иднина. Затоа, се истакнува, целта е да се произведуваат протеини со најмалку можни еколошки последици.

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:виенаѓубривомувиФарма
Претходен напис УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчани
Следен напис УХМР: Зголемено ниво на реките, утре локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?