Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО: Земјоделци што продаваат на влажни пазари и добавувачи на суровини за фармите најпогодени од коронавирусот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО: Земјоделци што продаваат на влажни пазари и добавувачи на суровини за фармите најпогодени од коронавирусот
АгровестиПазари

ФАО: Земјоделци што продаваат на влажни пазари и добавувачи на суровини за фармите најпогодени од коронавирусот

Објавено 11/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пазарите во регионот се добро снабдени со главните прехранбени производи и имаат поволни услови за производство на главните култури како пченица. Сепак, земјоделците што продаваат на влажни пазари, добавувачи на суровини за фармите и транспортните услуги се меѓу најпогодените од коронавирусот.

Ова го покажува новата публикација на Организација за храна и земјоделствона Обединетите нации (ФАО), „Регионална состојба на пазарите на храна и билтен за политики како одговор на пандемијата КОВИД-19“, која го разгледува регионот на Европа и Централна Азија.

Во публикацијата се наведува дека вредносниот синџир за риба е најпогоден во целина, а потоа млекото и млечните производи, сточарството, зрнестата храна и мешунките.

Како што соопшти ФАО, земјоделците што продаваат на влажни пазари, добавувачи на суровини за фармите и транспортните услуги се меѓу најпогодените.

-Производителите на храна, исто така, се соочуваат со недостаток на простор за складирање на своите производи, а крајните рокови на храната станаа грижа. Продажбата опадна на двата краја на синџирот на снабдување, при што потрошувачите купуваат помалку храна, а добавувачите на инпути и суровини се соочуваат со раст на цените на увезените производи. Ова може да има ефекти врз земјоделците затекнати во средина, информира Организацијата.

ФАО ги советува владите итно да развијат механизми за олеснување на проблемите со готовина со кои ќе се соочат земјоделците во тековната сезона на сеидба.

Врз основа на резултатите од истражувањето, ФАО ги препорачува следниве итни политики: подобрување на здравствената заштита и мобилноста за земјоделците, превозниците на храна и работниците во прехранбената индустрија; обезбедување достапност на суровини за земјоделските култури за претстојната сезона и во сточарското производство со овозможување на пристап до „зелените коридори“; проценка на капацитетите за ладно складирање и минимизирање на загубите и отпадот на храна преку програми за социјална заштита.

Врз основа на резултатите од истражувањето, ФАО ги препорачува следниве итни политики: подобрување на здравствената заштита и мобилноста за земјоделците, превозниците на храна и работниците во прехранбената индустрија; обезбедување достапност на суровини за земјоделските култури за претстојната сезона и во сточарското производство со овозможување на пристап до „зелените коридори“; проценка на капацитетите за ладно складирање и минимизирање на загубите и отпадот на храна преку програми за социјална заштита.

-Владите имаат за цел да обезбедат доволно залихи за домашните потрошувачи и да избегнат зголемување на цените на главните производи како одговор на пазарните шокови и неизвесноста предизвикани од пандемијата КОВИД-19, се наведува во соопштението на ФАО. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:пазарипрепораки од ФАОпроизводители на хранаФАОхрана
Претходен напис АХВ: Да се вакцинираат живината и гулабите против болеста Њукастел
Следен напис Режење на пиперките: Кај бујните сорти добро е одгледувањето да се сведе на две гранки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?