Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО бара 350 милиони долари со цел да се зголемат активностите во борбата против гладот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО бара 350 милиони долари со цел да се зголемат активностите во борбата против гладот
Агровести

ФАО бара 350 милиони долари со цел да се зголемат активностите во борбата против гладот

Објавено 19/05/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) бара 350 милиони долари со цел да се зголемат активности во борбата против гладот ​​и да се подобрат животните услови поради кризата со храна што може да настане како последица од пандемијата.

И покрај тоа што допрва треба да се види целосното и долгорочното влијание на пандемијата врз обезбедувањето со храна, веќе постојат показатели дека во земјите погодени од глад, луѓето се потешко се борат за пристап до храна бидејќи приходите паѓаат, а цените на храната растат, се вели во соопштението на ФАО.

Ако земјоделците немаат пристап до своите полиња или немаат средства или пристап да купат семиња и други материјали за садење или за купување добиточна храна, сезоната на садење ќе се пропушти, земјоделството значително ќе се намали и животните ќе умрат.

Тоа, како што се наведува во соопштението, значи дека помалку храна ќе биде достапна и во руралните и во урбаните области.

Новото барање за финансирање од страна на ФАО во износ од 350 милиони долари е за три пати поголемо отколку на крајот на март, затоа што социо-економските влијанија на Ковид-19 стануваат сè поочигледни. Хуманитарниот одговор на ФАО на Ковид-19 е дел од Глобалниот план за хуманитарна реакција.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:борба против гладотфаохрана
Претходен напис Бабовски: Нови средства за инвестиции во развој на домашното рибарство и аквакултурата
Следен напис Стрежево ја започна сезоната за наводнување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?