Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: Нови средства за инвестиции во развој на домашното рибарство и аквакултурата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Бабовски: Нови средства за инвестиции во развој на домашното рибарство и аквакултурата
СубвенцииФондови

Бабовски: Нови средства за инвестиции во развој на домашното рибарство и аквакултурата

Објавено 19/05/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска па се до 15 јуни, сите кои имаат рибници и во нив одгледуваат риби или порибителен материјал ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рибарство и аквакултура.

Станува збор за можност за добивање на средства од  подмерката „финансиска поддршка за порибителен материјал“. За оваа мерка може да конкурираат  сите кои од 1 февруари до 31 мај годинава, набавиле порибителен материјал за насадавување на рибниците.  Средствата од оваа мерка се исплаќаат скалесто и тоа:

– за купен или сопствен подмладок до 2.500 кг – 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок од 2500 кг до 5000 – 75% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок од 5000 кг до 7500 – 50% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок над 7500 – 25% од вредноста на утврдената цена на подмладокот.

Корисници на мерката финансиска поддршка за порибителен материјал, се сите субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2019 – декември 2020 година од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот. За добивање на средства за набавен подмладок, корисници може да бидат сите  субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби и имаат купено подмладок од субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2019 – декември 2020 година. Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени во Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2020 година.

Можност за добивање на финансиска поддршка им се дава и на  сите кои имаат риболовни води под концесија и во периодот од 1-ви ноември  2019 до 20 –ти март годинава, направиле трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите во време на природен  мрест утврден во риболовната основа и имаат донесеното решение за забрана на риболов по одделни риболовни води.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека

„До 30.000 денари максимална поддршка по корисник ќе добијат оние апликанти кои имаат направено  заштита на риболовните ревири и рекреативни зони. Сите кои направиле заштита на риболобвните зони пак ќе може добијат максимална поддршка до 150.000 денари по корисник. Додека сите кои имаат направено заштита на риболовните подрачја можат да добијат максимална поддршка до 400.000 денари по корисник.  Бабовски, појаснува дека со овие средства апликантите ќе можат да ги подмират трошоците  за исплатена бруто плата на рибочуварите, да ги платат трошоците за гориво за пловните објекти  или возилата кои се дадени на користење на  концесионерот. „- појаснува Бабовски.

Корисници на  поддршката дополнителна заштита на рибите во риболовните води,  се концесионерите на рибите од риболовните води. Еден концесионер, може да користи средства само за еден одреден период на природен мрест и забрана за риболов.

Финансиската поддршка на овој повик се доделува по принцип прв дојден прв услужен. Барањата за добивање на финансиската поддршка по двете мерки  се доставуваат во оригален примерок.

Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2020 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 02/2020 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта на следната адреса

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20

(зграда на Македонија Табак блок Ц )

1000 Скопје

Доколку доставениот плик  не е обележан како што се бара, Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето. Брањата и потребната документација може да се преземат од веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk . Крајниот рок за доставување на барањата е 15- ти јуни 2020 година.

Може да ви се допадне

ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Гоцевски: Производството на вишна е двигател на локалната економија, Општина Делчево ќе продолжи со поддршка на овоштарите
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Таг:поддршкарибниксубвенциифонд
Претходен напис И денеска продолжува топло и спарно време, попладне појава на пороен дожд, засилен ветер, а локално и град
Следен напис ФАО бара 350 милиони долари со цел да се зголемат активностите во борбата против гладот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?