Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Европската комисија одобри дополнителна помош за земјоделците


Европската комисија воведе можност за исплата на средства во висина до 70% за директни плаќања и до 85% за поддршка во рамките на руралниот развој, за да им се помогне на земјоделците, со цел да се надминат потешкотиите предизвикани од ширењето на пандемијата од КОВИД-19.

Субвенциите ќе можат да се исплаќаат после спроведените административни контроли и пред да се извршат контролите на терен, а кои со овие уредби се дополнително поблаги поради отежнатото спроведуавње кое настана како последица од воведеното ограничување на движењето.

Опишаните измени се во склад со предлозите на Министерствата за земјоделство доставени до Европската комисија на 16 март, како и заедничкиот предлог на државите членки кои Хрватска како претседател на Советот на Евроспката унија ги подготви за Европската комисија после видео конференцијата на минситрите за земјоделство одржана на 25 март.

Потсетуваме дека Европската комисија веќе има усвоено пакет мерки за помош во рибарството и аквакултурата, кои вклучуваат поддршка за привремен престанок на работните активности и компензација за одгледувачите на слатководни и морски риби и школки поради привремената суспензија или намалувањето на производството.

Се очекува во наредниот период Европската комисија да превземе и дополнителни чекори со цел да им се помогне на производителите согласно барањата на Хрватска и другите држави членки на Европската унија, за да се задржи и поттикне земјоделското производство и да се спречат пореметувањата во снабдување со храна.

Апр 21, 2020agrotim2
Пивара која ги преживеа сите светски војни, за првпат затворена по 400 години работаПатот Прилеп-Битола кај ТИРЗ-Прилеп пуштен во сообраќај

Напишете коментар Откажи одговор

21/04/2020 Агровестидополнителна помош за земјоделците, европска комисија, Хрватска земјодеска комора696

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019