Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европската индустрија за компири е во криза поради екстремните временски услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европската индустрија за компири е во криза поради екстремните временски услови
АгровестиПазари

Европската индустрија за компири е во криза поради екстремните временски услови

Објавено 08/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската индустрија за компири е во криза поради екстремните временски услови. Минатата година беше втора најтопла досега во Европа. Екстремната суша доведе до драматичен пад на вкупното производство на оваа култура, пишува Agriland.

Проценките покажуваат дека бербата во Северна Европа, Обединетото Кралство и Ирска била околу два милиони тони помалку од вообичаеното. Тоа е околу една третина од вкупното производство на компири во Обединетото Кралство и Ирска, а дистрибутерите и преработувачите сега се обидуваат да ги снабдуваат клиентите од залихите кои брзо се намалуваат. Резултатот е драматично зголемување на цените, особено во преработувачкиот сектор.

Ангус Вилсон, претседател на Wilson’s Country Potatoes, водечка компанија за пакување и преработка, рече дека големи количини биле извезени во европските земји, особено во последните неколку месеци.

Минатата година производството се карактеризираше со високи влезни трошоци, особено складирањето поради поскапувањето на енергенсите. Залихите никогаш не биле пониски. Лошите временски услови продолжија и во 2023 година.

Садењето беше одложено поради неодамнешните поплави во Италија и поголемиот дел од Јужна Европа. Сеидбата во Ирска доцнеше поради студеното време.
Се очекува значителен пад на приносите.

Прогнозите не се ветувачки, а велат дека ќе има недостиг од овој зеленчук во Европа. Вилсон верува дека овој проблем ќе се пренесе и во 2024 година.

Тој нагласува дека цената на компирот е значително зголемена во последните неколку месеци и продолжува да се зголемува, особено за специјализираните сорти за преработка и сечење. Побарувачката за компири и производи повторно расте, но индустријата нема да може да ја задоволи побарувачката во следните 12 месеци поради екстремните услови во Европа во последните две сезони.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:компири
Претходен напис Николовски: Вода за наводнување на површините во Росоман и Градско од околу 3.000 хектари ќе има
Следен напис (ФОТО) Страшни сцени од Делчево по силното невреме што го зафати градот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?