Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: До крајот на идната недела се очекуваат резултати од анализата на материјата излеана во Дебарско Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > До крајот на идната недела се очекуваат резултати од анализата на материјата излеана во Дебарско Езеро
Агровести

До крајот на идната недела се очекуваат резултати од анализата на материјата излеана во Дебарско Езеро

Објавено 02/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Резултати од инспекцијата за излеаната темна материја во Дебарското Езеро би требало да има до крајот на наредната недела, по што ќе следува кривична постапка од Обвинителството и надлежниот Суд. Има индиции дека се работи за мазут, а кога тоа ќе биде потврдено ќе биде откриен и виновникот, рече на прес-конференција Ана Петровска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Таа очекува дека до наредниот четврток ќе ги имаат резултатите од анализата на земените примероци затоа што акредитираната лабораторија каде што таа се прави ќе продолжи да работи од понеделник, бидејќи повеќе вработени сега се во самоизолација.

Овој предмет ДИЖС и МВР, односно крим-техника од Дебар, минатата недела му го доставиле на Јавното обвинителство кое ќе постапува откако ќе бидат готови резултатите.

– Мострите беа земени од самото езеро и понатаму по каналот од каде што е излеана материјата возводно по шахтите и стигнато е до шахтата од каде што е направено излевањето. Значи, ние имаме веќе потенцијални виновници коишто испуштаат на таа шахта. Меѓутоа, треба да направиме поврзување на таа леплива црна материја со материјалите што ги користат тие загадувачи, за да докажеме дека материјата е мазут односно да кажеме дека мазутот го испуштил тој и тој. Натаму целиме – рече Петровска.

Доколку резултатите од анализата утврдат дека се работи за мазут, како што се сомневаат, со тоа практично, посочи Петровска, наредната недела ќе се знае и виновникот кој потоа ќе треба да направи санација на земјиштето и, веројатно, ќе се соочи со кривична пријава. Јавен обвинител ќе ангажира и вештак за животна средина за да утврди каква е штетата и кои мерки за рекултивација и санација треба да бидат преземени.

Во врска со нивото на водата во Дебарското Езеро, директорката на ДИЖС соопшти дека на барање на министерот за животна средина Насер Нуредини завчера извршиле надзор и утврдиле дека котата до која е спуштено езерото е на 2 метра и 64 см над минимално утврдената со дозволата.

– Има интересна ситуација – дозволата што е издадена од МЖСПП овозможува опсег на работа на хидроцентралата од 560 до 580 метри надморска висина, значи цели 20 метри варијација. Дали е истражено претходно дали со 560 метри надморска висина може да има еколошка штета или е само доделена дозвола на барање на ЕСМ, тоа не можам да го тврдам. Можеби е направено, можеби не. Но ние како инспекциски органи утврдивме дека, сепак, котата до која е спуштено езерото е на 2 метра и 64 сантиметри над минимално утврдената кота со дозволата. Мислам дека без оглед на тоа што тие се уште ги почитуваат одредбите на дозволата, исто како што Владата направи минатиот пат, тие можат сега да го забранат производството – рече Петровска.

На барање од АД „Водостопанство“, ДИЖС в понеделник ќе изврши надзор и на Тиквешко Езеро, бидејќи во Тиквешијата сега почнува вегетацискиот период, а со оглед дека земјоделството таму, рече, е многу важна гранка, зафатот на вода за наводнување е многу повисок од котата на езерото.

– Мислам дека ќе се соочиме со голем проблем при наводнување доколку нешто драстично не се смени. А ние сме ограничени да постапиме во тој дел – ако дозволата рекла дека тоа е дозволена кота, ние немаме можности да постапиме поинаку. Некој друг надлежен орган понатаму тоа ќе треба да го истражи и санкционира, додаде директорката на ДИЖС.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Дебарско езероМазут
Претходен напис Европска Унија: И на месото од увоз да се воведе стандард за благосостојба на животните
Следен напис Премиерот Заев од Битола: Инвестираме во стабилен енергетски систем
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?