Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ планира да ја подобри одржливоста на млекопроизводството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > ЕУ планира да ја подобри одржливоста на млекопроизводството
Агровест

ЕУ планира да ја подобри одржливоста на млекопроизводството

Последна измена: 15/01/2020 13:46
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Најавена е иницијатива наречена „Фарма за иднината“ која ќе претставува поддршка со која  земјоделците  ќе  можат да обезбедат долгорочна економска одржливост на млекарските фарми за наредните генерации, со акцент на намалувањето на емисијата на стаклени гасови и почитување на благосостојбата на животните.

Иницијативата „Фарма за иднината“ ја започнаа осум лидери од млечната индустрија, а програмата ќе се одвива во текот на следните три години, во почетокот  на 25 млечни фарми во Европската унија, САД и Русија. Ќе се обидат да најдат  решенија и иновации за различни модели на  одгледување, големини на фарми и географски територии за да имаат увид во секторот. Исто така ќе применуваат најдобри практики со цел да се  развие нов пристап. По две години, тие планираат да вклучат 2.500 краварски фарми.

Соработката започна уште минатата година поради млекопроизводителите кои требаше да ги променат своите производствени практики за да ги исполнат очекувањата и барањата на потрошувачите за одржливо производство, а исто така  да решат и голем број на проблеми поврзани со земјоделството кои влија врз животната средина и здравјето.

Млекопроизводството учествува со 2,9% воемисијата на стаклени гасови

Млекопроизводството, спаѓа во поголемите земјоделски гранки на ЕУ и претставува повеќе од 12 % од вкупното земјоделско производство. Според прдвидувањата на ЕУ се очекува побарувачката на млечни производи, посебно на сирењето, и понатаму да продолжи да расте, а тоа ќе придонесе за поголемо производство на млеко во ЕУ.

Како дел од тригодишната кампања „Одржливо производство на млеко во Европа“, утврдено е дека сегашното производство на млеко и месо имаат 4% од глобалните емисии на стаклени гасови, при што производството на млеко учествува со 2,9%.

Отпорноста и одржливоста се клучни за иднината на млечниот сектор

Отпорноста и одржливоста може да се постигнат  преку иновации  а со тоа ќе се усогласат и потребите  на земјоделците за да можат да заработат за живот. Исто така и  побарувачката на потрошувачите за прифатливи и квалитетни млечни производи ќе можат да се задоволат како и  барањата за заштита на животната средина и  здравјето на животните.

Меѓутоа, ова е сложен процес за  кој е потрбнна поддршка од целокупниот прехрамбен  ланец. Имајќи го тоа предвид,, Фарма за иднината, предводена од глобалниот водач на прехранбената индустрија Данон, се потпира на стручноста на целиот ланец.

Универзитетот Вагенинген во Холандија, кој е познат по своите истражувања за производство на храна, ќе биде партнер за истражување и советување, а земјоделците ќе бидат вклучени во секој чекор, обезбедувајќи одржливост на практиките прилагодени на локалните и географските карактеристики.

Коментирајќи ја оваа иницијатива, Јан Гаел Рио,(Yann Gael Rio) потпретседател на компанијата Данон, за Евроактив изјави: „Регенеративното земјоделство е решението за многуте еколошки и здравствени предизвици со кои се соочуваме денес“.

Тој додаде дека иницијативата „Фарма за иднината“ вклучува експертски тим од сите засегнати страни за да може да обезбеди решенија, како и тест иновации во оваа област.

Таквото партнерство е добар пример за тоа како компаниите од целиот сектор можат да работат заедно за подобрување на одржливоста и  изнаоѓање нови начини за создавање додадена вредност во прхрамбениот ланец , додека пак сите членови на конзорциумот ги нудат своите иновативни решенија за подобрување на млечните производи, вклучувајќи и техники за заштита на земјоделски култури, како и дигитални решенија со кои ќе се овозможи подобар мониторинг. Тоа вклучува иновативни производи кои го  фиксираат кислордот во почвата и техники за одгледување на земјоделски култури кои го подобруваат квалитетот на силажата. Таквата силажа е полесно сварлива, со што се подобрува здравјето на кравите кои, покрај тоа, произведуваат помалку емисии на метан и со тоа помалку влијаат врз климатските промени.

Овој вид соработка може да им помогне на земјоделците да се придржуваат до Зелениот договор и  до новите барања за одржливост, исто така и да ги наградат со примена на  одржливи практики.

Извор: Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија
Мицкоски ги повика младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план
„Дебела маќеница“ – Против чир на желудник, кожни заболувања и спортски повреди
До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
Претходен напис Уште 13 домашни компании регистрирани за извоз на храна во ЕУ
Следен напис Италијанската полиција приведе 94 лица под сомнение за злоупотреба на средства од ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?