Советот на ЕУ со посебна одредба предвиде по 7.000 евра за земјоделците и 50.000 евра за малите и средни претпријатија кои се занимаваат со прерабтка, маркетинг и развој на земјоделски производи или памук, освен рибарски производи, стои во соопштението на ова тело на ЕУ.
Средства во рамките на програмата за рурален развој
Целта на оваа одредба е да се искористат расположливите средства во рамките на постоечките програми за рурален развој заради овозможување поддршка на индивидуалните земјоделци, како и на малите и средни претпријатија кои се најтешко погодени со кризата со COVID 19 и решавање на проблемите со ликвидноста и паричниот тек кои произлегуваат од затворањето на продавниците, пазарите и рестораните.
„Кризата предизвикана од вирусот COVID 19 е голем тест за солидарност на Европската унија. Усвоениот закон ќе им помогне на многу земјоделци и мали фирми да продолжат со работа“, изјави минситерката за земјоделство на Хрватска Марија Вучковиќ, која претседва со Советот на ЕУ, при тоа нагласувајќи дека Советот и Европскиот парламент дале брз одговор и итно одобрување на овој закон, со што обезбедиле поттикнување на секторот земјоделство, кој е еден од најтешко погодените со пандемијата.

Државите членки да ги одредат корисниците и сумата
Со уредба на државите членки на ЕУ, им се овозможува да ги одредат корисниците и да ја прилагодат сумата на пари која ќе биде исплатена, а ќе дефинираат и објективни, недискриминирачки услови и евентуални критериуми на избор.
Поддршката би требало да биде ограничена на максимални 2% од вкупниот придонес на програмите за рурален развој од Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (EAFRD).
Исплатите треба да се извршат до 30 јуни 2021 врз основа на барањата за поддршка до 31 декември 2020 година.
Извор : Agroklub
