Европската комисија ги прогласи победниците на конкурсот за органско производство. Добитниците беа поканети во Брисел и вчера на свечена церемонија им беа доеделни наградите. Како што појаснија од комисијата победнииците ги следат високите стандарди поставени од нивните претходници и прикажуваат одржливи и инспиративни проекти. Победничките проекти и луѓето зад нив покажуваат како органското земјоделство и производство можат да создадат иновативни синџири на вредности и да генерираат нови можности за работа во руралните области.
Надобри на конкурсос во 2024 година на Органските награди на ЕУ се:
-Најдобар органски земјоделец (жена) на г-ѓа Рајнхилде Фрех-Емелман во Австрија. Фрех-Емелман ја основала „ReinSaat GmbH“ во 1998 година на фармата Деметра во Долна Австрија. Фармата е специјализирана за органски семиња без ГМО, со над 800 сорти, промовирајќи ја биолошката разновидност и одржливото земјоделство низ Европа.
-Најдобар органски фармер (маж) Бени Шопф oд Германија. Тој е одгледувач на зеленчук во „Kartoffelkombinat“, најголемата кооперативна фарма поддржана од заедницата во Германија. Снабдувајќи 2.300 домаќинства со органски зеленчук неделно, фармата дава приоритет на фер работни услови и одржливи практики, промовирајќи алтернативен земјоделски економски систем.
-Најдобар органски регион е Јужен Саво во Финска. Јужен Саво изгради силна култура на органско земјоделство со преку 40-годишна соработка помеѓу земјоделците, истражувачите и локалните власти. Со 200 органски фарми, регионот промовира одржливи практики, зачувување на квалитетот на водата и биодиверзитетот и е дом на Финскиот институт за органски истражувања.
-Најдобар органски град е „ BioStadt Bremen“ во Германија. Со над 30% од фармите сертифицирани за органски производи, градот промовира одржливи системи за храна преку проекти во заедницата и иновативни земјоделски иницијативи, давајќи им можност на граѓаните да ги поттикнат локалните промени. „BioStadt Bremen“ работи на снабдување со 100% органски производи за сите училишта, градинките и болниците до 2025 година.
-Најдобра органска био-област Sörmland Bio-district во Шведска. Лоциран јужно од Стокхолм, „Sörmland“ е пионер во органското земјоделство од 1940-тите, обединувајќи фарми, преработувачи на храна, ресторани и многу повеќе. Со застапеност на органско производство на површина од 20% од обработливото земјиште, областа промовира локални органски производи, одржлив туризам и свесност за здравствените придобивки на органската храна.
-Најдобра органска преработка на храна „Gino Girolomoni Cooperativa Agricola“ во Италија. Сместена во регионот Марке, оваа задруга е специјализирана за органско производство на тестенини, продолжувајќи ја мисијата на нејзиниот основач, Џино Џироломони. Со 80 хектари органско обработливо земјиште и капацитети на обновливи извори на енергија, таа произведува 9 милиони тони тестенини годишно, поддржувајќи над 300 земјоделци и 60 локални работници.
-Најдобар продавач на органска храна на SAiFRESC“ во Шпанија. Основана од тројца земјоделци во 2011 година, „SAiFRESC“ премина кон органско земјоделство, ревитализирајќи го земјоделството во Хуерта де Валенсија. Со 30 хектари органско земјиште, тие произведуваат 70 органски производи, продавајќи 90% од нивната реколта локално и со минимална амбалажа. Иницијативата промовира циркуларна економија и обезбедува едукативни работилници за органско земјоделство.
-Најдобар органски ресторан/услуга за храна за „Kalf & Hansen“ во Шведска. Основан во 2014 година од Руне и Фабијан Калф-Хансен, овој синџир ресторани нуди 100% органска, сезонска нордиска кујна. Со два ресторани и пружајќи угостителски услуги и органски оброци во шведските возови, Kalf & Hansen даваат приоритет на локалните одгледувачи, одржливост и достапност на органски оброци.
За овогодинешниот конкурс пристигнале речиси 100 апликации од цела ЕУ, а 24 кандидати од 11 земји влегле во потесниот избор. Наградите за органско производство на ЕУ се одликуваат со 7 категории и 8 индивидуални награди, со што се препознаваат иновативни, одржливи и инспиративни проекти кои даваат значителна вредност на органското производство и потрошувачка. Наградите ги организираат Европската комисија, Европскиот економски и социјален комитет, Европскиот комитет на регионите, COPA-COGECA и IFOAM Organics Europe, со поддршка од Европскиот парламент и Советот.
