Ме радува што женското претприемништво добива се’ поголема улога во нашата економија. Потребна е посилна институционална поддршка, поттик и промоција на жените претприемачки.Во Гостивар ја посетив компанијата „Касефичио Чезарина”, која се занимава со производство на сирења и со која раководи успешната жена претприемач Gezime Fejzi.
Вработените ме запознаа со развојот на компанијата од идеја до реализација, за успешната примена на италијанското искуство во производството, како и со производниот процес и асортиман што го сочинуваат светски познати сирења, од моцарела до специјални сирења со вкус на чоколадо и кафе.

Секоја чест за #КасефичиоЧезарина, за нивната инвентивност, професионалност и афирмација на земјава на светските пазари.
Фејсбук статус на Елизабета Ѓоргиевска

